Насловна / Архитектура / Авокадо куќа: Бетонски контејнер со отворен концепт

Авокадо куќа: Бетонски контејнер со отворен концепт

На само два часа возење од Мексико Сити, во руралното езерско подрачје на Вале дел Браво, архитектот Франциско Пардо проектирал куќа со панорамски поглед на раскошна парцела од три акри.

avokado

Avocado House е објект наменет за млад брачен пар и нивното дете, како идеално место за бегство за време на викендите од метежот и вревата на урбаниот живот.

Куќата се наоѓа во долината меѓу планините, а до неа се спушта шумата, како и полето со авокадо, кои биле главна инспирација за проектот, пишува Archi lovers.

avokado1

“Главната цел беше да се гарантира привилегиран поглед на шумата, а во исто време клиентот сакаше да го остави недопрено полето со авокадо, што не инспирираше буквално да ја закопаме куќата“, објаснува Франциско Пардо.

avokado2

Целиот концепт се врти околу намерата да се зачуваат природните елементи и да се постигне минимално влијание врз животната средина. Како резултат на тоа, дрвјата од авокадо растат над скриена и скромна структура која гледа на околните врвови на дрвјата.

avokado9

Парот бил многу заинтересиран и за „петтата фасада“, односно погледот на небото, кој бил проектиран подеднакво педантно како и другите фасади со цел да и помогне на куќата што поефективно да се вклопи во околната природа.

avokado4

На овој начин се обезбедуваат оптимални термички услови во објектот благодарение на теренот над покривот, кој одржува постојано блага температура во куќата.

Куќата е организирана како голем бетонски контејнер од отворен концепт, каде што преградните ѕидови се пониски и изолирани од таванот, со цел да се воспостави непрекинат бетонски плафон низ премините низ целата зграда.

avokado6

Од големиот простор на отворениот концепт, обезбеден е директен пристап до терасата во која е сместен хидромасажен базен со поглед на шума, а во непосредна близина се кујната, трпезаријата и дневната соба.

avokado3

Околу овој централен простор се наоѓаат главната спална соба, детска спална соба и две дополнителни соби за гости и студио.

Задниот дел на куќата е отворен за да создаде внатрешен двор и да обезбеди дополнителен извор на природна светлина и вентилација.

avokado5

Едноставната палета на тонови и текстури придонесува за создавање на целокупен природен изглед, а изборот на материјали придонесува за минимална естетика и обезбедува многу ниско ниво на одржување, што е многу важно со оглед на тоа што објектот функционира како викендица.

avokado7

Голата бетонска конструкција е комбинирана со ѕидови обложени со природен материјал од регионот на Јукатан и прегради направени од бор.

Во непосредна близина на куќата е направена помала зграда што служела за истурање на бетон, а која може да послужи и како складиште и како видиковец, имајќи предвид дека нуди панорамски поглед на околината.

avokado8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top