Насловна / Вести / Авенијата „Елисејски полиња“ – градина во центарот на Париз

Авенијата „Елисејски полиња“ – градина во центарот на Париз

Франција го претстави планот за трансформација на „Елисејските полиња“ во Париз, преку проект вреден 250 милиони евра. Проектот би требало да биде реализиран до 2024 година, во која Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри. Авенијата „Елисејски полиња“ (Avenue des Champs-Élysées), најпрестижната и најшироката авенија во Париз, долга е два километри и се наоѓа во осмиот арондисман, во северозападен Париз. Се простира од плоштадот „Конкорд“ на исток до плоштадот „Шарл Де Гол“ на запад, каде се наоѓа Триумфалната капија. Градските власти најавија дека прво ќе биде преуреден плоштадот „Конкорд“ а потоа целата авенија ќе биде трансформирана во прекрасна градина. Според проектот, просторот за автомобили ќе биде преполовен, а пешачките патеки со дрвореди ќе се простираат на 1,9 километри.

Во одлуката за трансформацијата биле вклучени голем број на граѓани – околу 100.000 грашани на осмиот арондисман.

ceparis1

ceparis2

ceparis3

ceparis4

Испрати коментар

Scroll To Top