Насловна / Вести / Атрактивна парцела во општина Центар оди на лицитација

Атрактивна парцела во општина Центар оди на лицитација

atraktivna lokacija

Министерството за транспорт и врски даде на понуда, со почетна цена од 2.200 денари за метар квадратен, парцела со површина од 14.100 метри квадратни во Градскиот парк, на која во моментов се наоѓаат фудбалските игралишта за тренинг на клубот „Вардар“. На локацијата помеѓу Националната арена „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата ќе се гради објект за спорт и рекреација со приземје и еден кат. Атрактивната градежна парцела ќе се отуѓи на електронско јавно наддавање што е закажано за 3 февруари 2015 година, додека пријавите за учество треба да се поднесат најдоцна до 28 јануари. Сите заинтересирани треба да достават банкарска гаранција во висина од 150.000 евра за сериозност на понудата.

Испрати коментар

Scroll To Top