Насловна / Вести / Овој 125-годишен шведски град се преселил со своите згради

Овој 125-годишен шведски град се преселил со своите згради

Шведското градче Кируна ја променило својата местоположба поради локална геолошка нестабилност.

Кируна е најсеверниот град во Шведска и лежи во Арктичкиот круг. Ова градче старо 125 години се наоѓа во непосредна близина на рудник на железо, кој со текот на годините го дестабилизирал тлото околу градот. Градот постои поради рудникот, секоја ноќ се слушаат минирања, но жителите се навикнати на експозии, па така веќе не ги ни приметуваат. Државната компанија Luossavaara-Kiirunavaara AB (LKAB) отворила голем број работни места во градот, благодарение на рудникот, но секојпат кога ќе се извади руда, доаѓа до слегнување на тлото и деформација на земјиштето. LKAB копал се подлабоко што довело до голема деградација на стабилноста на тлото, кое изгубило носивост непоходна за тежината на градот.

1_resize

Со оглед на вредноста на железото на глобалниот пазар, расте и интензитетото на неговата експлоатација, па така на ова место секојдневно се минира тло еквивалентно на зграда од дванаесет ката, што доведува до слегнување на земјиштето во градот за околу пет сантиметри годишно. Како расте цената на железото, брзината на негово вадење се зголемува.

2_resize

За да се сочува градот, за жал некои од зградите морале да бидат срушени, додека поголем дел се пренесуваат со помош на камиони со платформи на нова локација, која е на околу три километри источно, пишува ArchDaily.

3_resize

Деградација на тлото по години

Симбол на жртва

Ќе се организира и изложба „Kiruna Forever“ во шведскиот нацинален архитектонски музеј ArkDes,  на која ќе се претстави текот на преселувањето на градот, кое официјално започна во 2018. година, по деценија дискусии за овој радикален план.

Зградата на градската општина е еден од објектите кој имал конструктивни нарушувања поради слегнување на земјиштето. Едно парче од саканиот, а сега срушен градски објект, преместено е во хала на ArkDes, каде ќе биде изложено од јуни до февруари наредната година.

„За време на претставувањето на објектот, посетителите на музејот ќе можат да видат како оваа зграда, која локалните жители ја нарекоа ‘дневна соба на Кируна‘, всушност стана симбол на жртва на континуираната експлоатација на рудникот“, истакнува кустосот на музејот Carlos Mínguez Carrasco.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top