Насловна / Вести / Асфалтирана улицата до новиот стадион со вештачка трева во Штип

Асфалтирана улицата до новиот стадион со вештачка трева во Штип

стадионул6

Во Штип е асфалтиран пристапниот пат кој води до и околу новиот стадион со вештачка трева кој е донација од УЕФА.

– По конструкцијата и уредувањето на стадионот, остана обврска на општината да го асфалтира патот и тоа е реализирано во текот на вчерашниот ден. Инвестирани се 836.000 денари од буџетот на локалната самоуправа а градежниот зафат го изведуваше штипската фирма „Коле-Транс Ижинеринг“.  Останува уште да се уредат соблекувалните и верувам дека како општина ќе успееме и тоа да го средиме – изјави Драган Ристов, Советник за односи со јавност.стадионул7

Паралелно ЈП „Исар“ започна со уредување на големиот паркинг простор во фирмата а планирано е и асфалтирање на дел од улицата „Михајло Апостолски“ која од седмата кула води до јавното претпријатие и уредување на целиот простор со соодветен паркинг.

Испрати коментар

Scroll To Top