Насловна / Архитектура / Artimino – ексклузивно место за одмор во срцето на Тоскана

Artimino – ексклузивно место за одмор во срцето на Тоскана

тоскана_10

Имотот се наоѓа во срцето на Тоскана, сместен во маслинови градини и лозја, каде се спојуваат фасцинантната традиција и модерниот комфор. Имотот Artimino опфаќа 732 хектари, и е во близина на Фиренца и реката Арно. Ова луксузно место ја опфаќа античката вила Медичи – La Ferdinanda, изградена во 1596 година, со импресивна големина и опкружена со зеленило. Вилата своето име го добила по Ferdinando I de Medici. Во вториот дел од овој прекрасен имот е шармантниот хотел Paggeria Medicea.

тоскана_09
Овој ексклузивен хотел поседува парк, голем базен, тениско игралиште и други услуги кои обезбедуваат удобност во прекрасниот пејзаж на Тоскана. Ресторанот Biagio Pignatti нуди традиционални јадења, кои се направени од органски состојки од еколошката Artimino фарма која има и свое маслиново масло и вина, од кои најпознато е Carmignano.
Речиси целосно зачуваното средновековно село Artimino се наоѓа во срцето на овој имот и поседува археолошки локалитет од периодот на Етрурците. Семејството Медичи како љубители на историјата го чувале ова здание, и таму живееле во златното доба на Медичи за време на Ренесансата.тоскана_08 тоскана_07 тоскана_06 тоскана_05 тоскана_01 тоскана_02 тоскана_03 тоскана_04

Испрати коментар

Scroll To Top