Насловна / Архитектура / Архитектурата како променада | A.M Architects

Архитектурата како променада | A.M Architects

Архитектурата како променада (3)
Концептот на архитектурата како променада отсликува дело кое акумулира спацијално доживување изразено преку масивните слободностоечки бетонски ѕидови на објектот со скриени погледи кон ентериерот и екстериерот, кои служат како елемент кој ја потенцира длабочината на објектот и насочувањата кон влезот и внатрешноста.
Архитектурата како променада (4)
Осветлувањето природно се провлекува во динамични агли преку конзолната декоративна греда, која надвиснува над ѕидната површина, правејќи го влезниот пристап препознатлив по ритмичното осветлување и слободностоечките ѕидови.
Во внатрешноста набљудувана преку транспарентните прозорски отвори се забележува дрво во задниот атриум, позиционирано долж тревната површина и има улога на значаен архитектонски елемент кој индуцира безгранична визуелна хоризонтална екстензија на просторот. Композицијата на ѕидови каде се повторуваат полните и издлабени површини служи како есенцијален елемент од архитектонската променада и обезбедува исклучително доживување на ентериерот и екстериерот со различен интензитет на осветлување.
Внатрешната градина, поврзана со просторот за дневен престој и затскриена од слободностоечките ѕидови, ја реинтерпретира промената на годишните времиња и изразува метафорична комуникација помеѓу ентериерот и екстериерот.
Архитектурата како променада (8) Архитектурата како променада (7) Архитектурата како променада (5) Архитектурата како променада (9)
Целокупниот контекст на оваа станбена структура, која се наоѓа во Јужна Кореја, е креиран како слоевита архитектура каде разновидноста на формите ги контролираат визуелните и просторните движења, непосредно функционирајќи во релација со природното опкружување. Органското опкружување на ентериерот и екстериерот меѓусебно поврзани преку коридорот, внатрешното двориште, дневниот престој и градината, креираат континуирана и неограничена архитектура.
Архитектурата како променада (6) Архитектурата како променада (2) Архитектурата како променада (1)

Испрати коментар

Scroll To Top