Насловна / Архитектура / Архитектите трба да платат 10 милони долари поради доцнење на изградбата од 10 месеци

Архитектите трба да платат 10 милони долари поради доцнење на изградбата од 10 месеци

Универзитетот Принстон ја тужел прославената архитектонска фирма TWBTA, поради, како што наведуваат „невнимателен процес на изградба и пречекорување на рокот“.

Предмет на спорот е центарот Andlinger при Универзитетот Принстон, кој го потпишуваат Tod Williams Billie Tsien Architects. Оваа њујоршка фирма и консултантската фирма Jacobs Engineering Group, тужени се за работата на овој престижен универзитет, кој е завршен во 2016 година со каснење и пречекорување на рокот, пишува Dezeen.

пр1_resize

центарот Andlinger при Универзитетот Принстон

Во тужбата со која се бара исплата во износ од 10,7 милиони долари и која е поднесена во декември, Принстон наведува дека тимот на компанијата TWBTA „не успеал да ги заврши своите проектантски задачи во склад со поставените стандарди, што резултирало со непотребни и преголеми дополнителни трошоци и прекршени проектни рокови кои скапо го чинеле Универзитетот“.

Потпаролот на заменикот на Универзитетот Принстон, Michael Hotchkiss, во својата изјава ја опишал постапката како „необична, но неопходна акција“ и додал дека Универзитетот настојува да ги надокнади дополителните трошоци, кои настанале поради обемните промени и доцнења кои ги предизвикале компаниите кои работеле на изведба на центарот Andlinger.

пр2_resize

центарот Andlinger при Универзитетот Принстон

Десет месеци доцнење

Фирмата TWBTA за проектот за истражувачкиот центар ангажирана е во тек на 2009. година, изградбата почнала во 2012. година, а се завршила во мај 2016. година, со десет месеци задоцнување. Во поднесената тужба се наведува дека за половина од времето на доцнење директно се одговорни фирмите TWBTA и Jacobs Entities.

Во периодот помеѓу 2012. и 2017. година фирмите издале 87 измени (Architect’s Supplemental Instructions) кои спаѓаат во помали промени кои не влијаат на временскиот рок и договорот. Сепак тоа довело до 462 COR барања кои предизвикале промени на буџетот и рокот за изведување.

пр4_resize

Уште проблеми

Tod Williams, кој заедно со својата сопруга ја основал компанијата  во 1986. година, има и диплома на Универзитетот Принстон, како и многу признанија добиени за својата работа. Меѓутоа, последниве години многу нивни проекти предизвикале полемики во јавноста. На критика наидоа обновата на постмодернистичкиот  Hood Museum of Art на колеџот Dartmouth како и претседателската библиотека на Обама, чија изградба се планира во историскиот парк, Џексон во Чикаго.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top