Насловна / Вести / Обединетите Нации предупредуваат: Имаме уште 10 години до шестото масовно изумирање

Обединетите Нации предупредуваат: Имаме уште 10 години до шестото масовно изумирање

Обединетите Нации (ОН) предупредуваат дека доколку во наредните 10 години не поработиме на драстично намалување на загадувањето, постои шанса да дојде до големо, т.н шесто масовно изумирање во историјата. Во спротивно, една третина од Планетата може да исчезне. Во моментот со изумирање се соочува дури еден милион од вкупно 8-те милиони видови на Планетата, и тоа во рамките на период од само 10 години, што е за барем десет илјади пати повеќе отколку заедно во изминатите 10 милиони години. Главните причини се: намалувањето на бројот на природните живеалишта, експлоатација на природните ресурси, климатските промени и загадувањето.

За шестото големо изумирање веќе станало збор, иако сега е очигледно дека постои рок, односно дека токму наредната деценија е критична. Зачувувањето на биодиверзитетот е одамна на агендата на светските креатори на политики, но без успех. Токму затоа сега се алармира на зголемување на одговорноста, но и опасноста.

extinction2

extinction1

extinction3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top