Насловна / Вести / Археолошки истражувања на доцноримското термално лекувалиште во с. Банско, Струмичко

Археолошки истражувања на доцноримското термално лекувалиште во с. Банско, Струмичко

банско струмичко

Започнаа систематските археолошки истражувања на доцноримското термално лекувалиште во село Банско, Струмичко, со финансиска поддршка од Министерството за култура, а како дел од Програмата за заштита на културното наследство.

Во рамките на преземените активности, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица претходно извршија расчистување на теренот како подготовка за археолошките истражувања на лекувалиштето кое датира од 3 и 4 век. Во согласност со планираните активности, во тек се истражувањата на југоисточниот дел од малата бања, каде што со последната истражувачка кампања е откриен дел од ѕид за кој се претпоставува дека е дел од нова просторија која била во функција на бањата.банско струмичко

Со овие истражувања на новата просторија, археолозите очекуваат да се потврди дека малата бања ги поместува досегашните граници на првичното датирање на лекувалиштето, односно дека тоа почнало да егзистира многу порано – кон крајот на првиот, односно во почетокот на вториот век.

Реализацијата на овој проект е во насока на обезбедување прецизни сознанија за првобитната намена на лекувалиштето.

Испрати коментар

Scroll To Top