Насловна / Вести / ЕУ: Што е “право на поправка“ и како тоа може да го продолжи векот на електронските уреди?

ЕУ: Што е “право на поправка“ и како тоа може да го продолжи векот на електронските уреди?

Зад овој термин стои идејата за позелено, и за животната средина помалку штетно стопанство, во склоп на кое потрошувачите во Европската Унија би се поттикнале на донесување на одржливи одлуки за повторно користење на производите и подобрување на можностите за поправка и продолжување на нивниот век на користење.

righttorepair2

Според достапните истражувања, 77% од граѓаните на ЕУ преферираат да ги поправат своите производи, наместо да купуваат нови. Дури 79% од нив сметаат дека производителите би требало на некој начин законски да бидат обврзани да ја поедностават поправката на електронските уреди или замената ан нивни делови. Европскиот парламент сака да ја воведе културата на поправки и повторно користење на производите, како и да ги освести потрошувачите за нивното влијание врз животната средина. Во склоп на усвоената Резолуција за поодржлив единствен пазар, се залага на граѓаните да им го обезбеди т.н „право на поправка“, на што ја повикува и Европската Комисија. Во склоп на „правото на поправка“, поправката би станала системска, исплатлива и привлечна опција, што би можело да се оствари на неколку начини: продолжување на гарантниот рок, обезбедување на резервни делови и зголемување на достапноста на информациите за одржување и поправка на производите. Покрај тоа, пратениците на Европскиот парламент се залагаат и за зголемување на поддршката за пазарите на користена стока, а бараат и мерки со кои би се спречило скратување на векот на траење на производите, но се залагаат и за одржливо производство. Со цел да се намали количината на електронски отпад, Европскиот парламент се залага и за воведување на универзален полнач. Исто така се бара и соодветно означување на производите во контекст на неговата трајност – мерач на употребата, како и јасна информација за очекуваниот век нa траење на производите.

righttorepaire1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top