Насловна / Вести / Американски грант за конзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби

Американски грант за конзервација на мозаикот на крстилницата во Епископската базилика во Стоби

Со грант од Американската амбасада во Македонија ќе се изврши конзервација на мозаикот и мермерните декоративни елементи на крстилницата на Епископската базилика на локалитетот Стоби.

Американскиот амбасадор Бејли посочи дека ова е трет грант од Амбасадорскиот фонд на САД наменет за локалитетот Стоби  по двата претходни гранта – во 2003 година беше доделен грант од 15.000 долари  за археолошки ископувања, а во 2010 година грант од 72.600 долари за заштита на фреските во Епископската базилика.krstilnica_vo_episkopskata_bazilika_-_arheoloshki_lokalitet_stobi

– Соединетите Американски Држави се горди на партнерството  што го имаме во Македонија со Министерството за култура, со музеите, Националната установа Стоби и со други институции во заштитата на вредното културно наследство какво што е ова, истакна Бејли, додавајќи дека ги разбираат приоритетите на Министерството за култура и НУ Стоби и е среќен што со овој грант ќе се придонесе за заштита и адекватна презентација на крстилницата во Епископската базилика.

Притоа тој посочи дека од Амбасадорскиот фонд на САД почнувајќи од 2001 година досега се доделени 12 гранта за зачувување конзервација и реставрација на вредни споменици на културата во Македонија спомнувајќи ги Кокино, Златковата кула во Кратово, црквата Богородица Перивлепта во Охрид, Шарената џамија во Тетово итн.

Договорот за грантот кој е во износ од 89.000 долари го потпишаа американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Министерката за култура Канческа Милевска ја истакна важноста на археолошкиот локалитет Стоби кој, како што рече, е еден од нашите најзначајни споменици од римската и доцноантичка епоха кој има извонредно зачувани и раскошно украсени јавни и резиденцијални градби.

Испрати коментар

Scroll To Top