Насловна / Архитектура / Алехандро Аравена – добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2016

Алехандро Аравена – добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2016

Најпрестижната архитектонска награда оваа година отиде во рацете на чилеанецот Алехандро Aравена, архитект кој во своите дела комбинира естетски дизајн со општествена цел.прицкерова награда 2016 аравена (4)

Лауреатот Алехандро Aравена е 41. добитник на Прицкеровата награда, најпрестижната награда во областа на архитектурата. Тој е првиот чилеански и четвртиот добитник од Латинска Америка.прицкерова награда 2016 аравена

48-годишниот извршен директор на познатата архитектонска фирма Elemental, со седиште во Сантијаго, е познат по дизајнирањето на енергетски ефикасни објекти кои се во склад со локалната клима и сезонските промени. Објектите на Аравена се внимателно дизајнирани и ориентирани, така што ентериерите максимално изобилуваат со природна светлина. Неговата филозофија е најдобро претставена во едно од поновите дела – UC Иновативен центар, дел од Католичкиот универзитет на Чиле (Universidad Catolica de Chile).прицкерова награда 2016 аравена

Од идните проекти на Elemental се истакнува проектот за социјални станови кој се базира на идејата дека жителите, кои се претежно со послаба платежна моќ, ќе можат во согласност со своите идеи да ги уредуваат сопствените домови и нивните ентериери, а притоа да не го потрошат целиот свој капитал на самиот имот.прицкерова награда 2016 аравена (2)

Од Фондацијата „Хајат“, генералниот спонзор на Прицкеровата награда, кажано е дека архитектурата на Алехандро Aравена е од особен интерес и исклучителна важност, бидејќи на луѓето со ниски приходи им дава можност за пристојно домување; неговите дела се сите по ред енергетски ефикасни и проектирани на начин да поднесат каков било вид на природна катастрофа.CR1.ac-2

Исто така, неговите објекти се иновативни и инспиративни, со што се докажува дека архитектурата може да го подобри секојдневниот живот на луѓето.4cp100

Официјалното доделување на Прицкеровата награда за 2016 година, ќе се одржи во седиштето на Обединетите нации во Њујорк на 4 април.

<iframe src=”https://player.vimeo.com/video/151588735″ width=”500″ height=”281″ frameborder=”0″ webkitallowfullscreen mozallowfullscreen allowfullscreen></iframe>

Испрати коментар

Scroll To Top