Насловна / Градежништво / „Алдинг инженеринг“ ќе ја догради зградата на Водовод за 7,5 милиони евра

„Алдинг инженеринг“ ќе ја догради зградата на Водовод за 7,5 милиони евра

alding inzinering

Скопската фирма „Алдинг инженеринг“ за 7,5 милиони евра ќе ја догради барокната зграда на ЈП „Водовод и канализација“ под Скопското кале. Моментално овој објект е на ниво на отворена карабина. Изградбата на објектот започна во декември 2011 година, а првично најавениот рок за изградба беше три години. Од претпријатието неодамна потпишале договор со оваа фирма откако првичниот избран изведувач, австриската компанија „Алпине бау“ лани прогласи банкрот.

„Алдинг инженеринг“ има обврска да ги заврши градежните работи, фасадата, електриката, водоводот, фекалната и атмосферската канализација и да го опреми објектот со мебел. Од претпријатието велат дека средствата што ЈП „Водовод и канализација“ досега и ги има исплатено на „Алпине бау“, се за веќе завршени градежни работи. Новото седиште на ЈП „Водовод и канализација“ е високо 21 метар, има пет ката и подземен паркинг на три нивоа, што ќе може да прими 138 возила. Површината на градба изнесува 5.326 метри квадратни, додека подземните нивоа зафаќаат простор со површина од 5.334 метри квадратни.

Испрати коментар

Scroll To Top