Насловна / Вести / Акварели на Хитлер изложени во галерија во Техеран

Акварели на Хитлер изложени во галерија во Техеран

Два акварели кои ги насликал Адолф Хитлер се изложени во галерија во главниот град на Иран, Техеран.хитлер акварели

– Изложуваме акварели и од други сликари, но поголемиот број посетители доаѓаат поради сликите на Хитлер – изјави кураторот Golnaz Golsabahi на уметничката галерија Dafineh. Таа додаде дека многу луѓе во Иран не се свесни дека „крволочниот диктатор“ сликал.хитлер акварели (2)

Има малку информации за сликите, а Golsabahi претпоставува дека богат ирански колекционер ги купил двата акварели пред Исламската револуција во 1979 година. Потоа сликите се запленети и се во сопственост на државата.

Акварелите, најверојатно, се насликани во 20-тите години од 20 век во Виена, кога Хитлер се обидувал да живее од сликарство.

Испрати коментар

Scroll To Top