Насловна / Арт и дизајн / Акварел на Хитлер продаден за 100.000 евра

Акварел на Хитлер продаден за 100.000 евра

hitler aukcija (4)

Четиринаесет акварели и цртежи кои му се припишуваат на нацистичкиот германски водач Адолф Хитлер се продадени во саботата на наддавање во организација на аукциската куќа Weidler.

Највисоката сума ја постигнал акварелот на замокот Нојшванштајн во Баварија, кој е купен за 100 илјади евра. Акварелот, според посветата, настанал по повод осумдесеттиот роденден на Ото фон Штајнбајс, таен трговски советник.Employee puts away watercolour by Hitler at auction house in Nuremberg

„Не можам да го соопштам името на купувачот, можам само да кажам дека акварелот со замокот е продаден во Азија. ‘Цветната мртва природа’ беше продадена за 73 илјади евра, исто така, во Азија. Вкупно за 14-те експонати наддаваа шест купувачи“, соопшти претставничката на аукциската куќа Катрин Вајдлер.

Покрај споменатите дела на Хитлер, биле продадени и акварелите „Црква во Виена“, „Миноритската црква во Виена“, сликата на дворецот Хофбург, „Прага во магла“, „Карловата црква во Виена“, портрет на девојка, цртеж на гол женски модел. Вајдлер додаде дека овие слики биле продадени за далеку помали суми, односно како што се споменати по ред за 14, 16, 20 и 9 илјади евра.

Watercolour by Hitler lies next to catalog of his paintings at auction house in Nuremberg

Инаку, најголемата сума што ја постигнала слика којашто се смета дека ја направил Адолф Хитлер во младешките години кога мечтаел да стане уметник, е акварел кој го насликал германскиот нацистички водач точно пред сто години, кој беше продаден на крајот од ноември 2014 година на анонимен купувач од Блискиот Исток за 130 илјади евра, на наддавање во градот Нирнберг, иако првично за сликата се очекуваа само 4.500 евра. Акварелот со наслов „Standesamt Munchen“ насликан во 1914 година со димензии 28 на 22 сантиметри ја претставува „Градската куќа во Минхен“.

Интерес за експонатот број 6649 на наддавањето во Нирнберг лани, пројавија 12 лица од кои две биле лично присутни на самото наддавање. Продажбата тогаш ја организираа две постари сестри од германската федерална земја Есен, чијшто дедо ја купил сликата во 1916 година од една минхенска уметничка галерија.hitler aukcija

Аукциската куќа Auktionshaus Weidler повремено организира наддавања за дела на Хитлер, а на аукцијата во ноември беше продадена само петтата слика за којашто се смета дека е дело на фирерот во последните години. Наддавањата се одвиваат целосно во согласност со законите, според кои во Германија може да се продаваат старини и уметнички дела, доколку на нив не се среќава нацистичка симболика. Такво нешто, инаку, не се среќава на уметничките обиди на младиот Адолф.

„Други дела потпишани со ‘А. Хитлер’ повеќе немаме“, изјави во саботата Вајдлер додавајќи дека и досегашните сопственици на овие дела мора да останат и натаму анонимни.

Испрати коментар

Scroll To Top