Насловна / Вести / Акција за донирање на стари ЛЕГО коцки (видео)

Акција за донирање на стари ЛЕГО коцки (видео)

Пилот проектот наречен LEGO replay има за цел да собере користени лего коцки, кои понатаму ќе бидат дистрибуирани на детски непрофитни организации во Соединетите Американски Држави. Процесот е навистина едноставен и е направен во соработка со Give Back Box.

лего
Потребно е да соберете било какви коцки, сетови или поединечни елементи, да ги ставите во картонска кутија, да ја посетите страницата на кампањата за да можете да ја преземете етикетата за печатење. Кутијата ќе пристигне во погон во кој секоја ЛЕГО коцка ќе се провери рачно, сортирана и темелно исчисти.

лего4
„Знаеме дека луѓето не ги фрлаат своите ЛЕГО коцки. Иако повеќето ги подаруваат на своите деца или внуци, некои не прашаа како можат на сигурен начин да ги донираат своите коцки. Со акцијата Replay, тие имаат едноставна опција која е и одржлива и има социјално влијание “, вели Тим Брукс, потпретседател на секторот за еколошка одговорност во ЛЕГО за Designboom.

лего1
„Возбудена сум што се приклучивме на групата ЛЕГО во оваа пилот програма. Растејќи во Полска, немав многу играчки како дете, така што оваа соработка за мене е многу лична. Што има подобро од тоа на дете да му се даде поклон со кој може да си игра?“, вели Моника Вила, основач на Give Back Box.

лего3
„За нас, бројот на донации е клучен за успехот на кампањата, така што го правиме целиот процес што е можно поедноставен за луѓето да можат да ги испраќаат од дома своите коцки “, додава Моника.
Непрофитните организации можат да ги очекуваат први пратки во ноември, а кога пилот-програмата на пролет 2020 ќе заврши, ЛЕГО ќе разгледа евентуално проширување на проектот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top