Насловна / Вести / Виното и Архитектурата магнет за туристи

Виното и Архитектурата магнет за туристи

popova_kula.jpgНовиот храм на виното,
винарската визба
Попова Кула во Демир
Капија покажува дека
и во рурална средина
и неразвиена општина, може да се
инвестира, да се прави бизнис и да
се создава архитектура која ќе ги
привлекува туристите. Оваа "Green
Field" инвестиција преставува
вистински потстрек за развој
на локалниот туризам, како и за
извоз на виното од овој регион. 

Винарската визба го добила
името според микролокацијата
на која е изградена поранешната
Попова кула, која служела како
безбедносно утврдување на
патот што поминувал покрај
локацијата. Кулата била срушена
во 60-тите години од минатиот
век, но останала да живее во
сеќавањата на жителите во овој
крај. Затоа popovakula2.jpgинвеститорот сакал
новиот објект на оваа локација
да биде реминисценција на
старата архитектура која била
по мерка на човекот, која
органски се поврзувала со
амбиентот и во исто време била
и рационална и функционална. Локацијата на новиот храм на виното
е многу внимателно избрана, на
јужната падина на Велико Брдо. Има
прекрасни визури кон градчето
Демир Капија, долината, клисурата
и целата околина пошироко.
До неа многу лесно ќе дојдете,
слегувајќи од автопатот и следејќи
ги патоказите и знаците. Пред
објектот се наоѓа асфалтирано плато
со паркинг, а камената пешачка
патека ќpopovakula3.jpgе ве однесе до влезниот
трем, односно антрето на хотелот.
Архитектурата што се стопува со
пејзажот и амбиенталната слика
ќе ве пленат уште оддалеку. Имате
впечаток дека објектот израснува од
тлото, исто како и лозовите насади
што го опкружуваат. Објектот има
елементи од традиционалната
македонска архитектура и старата
камена кула. Применети се локални
градежни материјали: камен, тула,
малтер, дрво, керамида и современи
технологии на градба. Како елементи
од старата македонска архитектура
се сретнуваат чардакот пред
ресторанот и тремот во приземјето,
кои одговарат токму за ова
климатско подрачје. И во најжешките
летни денови овде може да седите
на тремот или чардакот заштитени
од силните сончеви зраци, да
го гледате убавиот пејзаж, да ги
слушpopovakula4.jpgате шумовите на ветерот и да
уживате во црцорењето на птиците.
Кога го разгледувате објектот ќе се
изненадите колку многу различни
функции се сместени под еден
покрив. Правците на движење не се вкрстуваат, а просторите се јасни
и чисти. Функциите прием на грозје,
производство на вино, пакување
на виното, чување и складирање
на виното, експорт на виното, мал
хотел со сите помошни простории,
простории за презентации и
дегустации на виното и претстој
на посетителите, течат една во
друга, нема мешање на правци на
движење, се е диференцирано, но
сепак добро поврзано. Интересна е
и поставката на скалите и лифтот во
камената кула, како и видиковецот
над кулата. Видиковецот служи за
винарски презентации и дегустации.
Кулата е елемент кој и дава посебност
на архитектурата на објектот и е
најдоминантниот дел од објектот.
Освен прекрасите визури кон целата
околина што ги имате од видиковецот
над кулата, каде и да прошетата
во околината, кулата со нејзиниот
видиковец отсекаде се гледаат и
може да ви бидат и репер каде и да
се движите, каде и да се наоѓате.
Екстериерот и ентериерот како да
се споени. И во ентереирот изборот
на материјалите е од локално
ниво, со примена на елементи од
македонската архитектура. Собите се
проектирани со комфор соодветен
на потребите на еден современ
човек. Ако ви здодее природата
и чардакот или тремот, овде е
ресторанот, каде се нудат македонски
специјалитети и вина од овој крај

Натка ЌОСЕВА,
дипл.инж.арх.

Еден коментар

  1. bookmarked!!, Ӏ really like your site!

    my hⲟmepage naples homes for sale (Terrie)

Испрати коментар

Scroll To Top