Насловна / Вести / Адинг вработува дипл. архитект или градежен инженер

Адинг вработува дипл. архитект или градежен инженер

logo ading

Ние сме АДИНГ – водечка компанија за производство и пласман на хемиски материјали во градежништвото во Југоисточна Европа. Присутни сме во земјите на Балканот, Русија, Украина, Казакстан, патуваме често, понекогаш кратко но понекогаш подолго.

Мотото што нè движи кон успехот е „Сме и ќе бидеме состојка на секоја градба“.

За младите и амбициозни кадри кои се спремни да го прифатат предизвикот и да се вклучат во тимот на Адинг, отворени се позиции за:

1 ДИПЛОМИРАН ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР ИЛИ АРХИТЕКТ

на позиција Инженер за примена

Основни задачи

· Технички пласман и примена на производите во Македонија и на пазарите во странство каде Адинг е присутен.

· Освојување на нови пазари со организација на пласман.

 Квалификации

За да се квалификувате за оваа позиција треба да ги исполнувате следните услови:

· дипломиран градежен инженер или архитект со или без работно искуство

· организациски способности

· способност за тимска работа

· желба за специјализација во градежната струка

· солидно познавање на англиски јазик

· пожелно е, но не е неопходно, познавање на втор странски јазик · познавање на Microsoft Office

· основно познавање на Autocad

· возачка дозвола од Б-категорија

 Ние нудиме

· атрактивна и динамична работа

· можност за надградба на професионален план

· одлични услови за работа

· можност за брзо напредување во кариерата

Позицијата е со седиште во Скопје, со почести патувања во странство. Можен е и подолготраен престој во странство.

Работно време од 08.00 до16.00 h (понеделник-петок)

Основна нето плата изнесува 19.250,оо денари

Позицијата е на определено време до шест месеци со можност за продолжување на договорот.

Од пријавените кандидати ќе се избере едно лице.

Кандидатот што ќе влезе во потесен круг на избор, ќе биде повикан на тестирање и интервју.

Доколку сте спремни за предизвикот да се вклучите во тимот на АДИНГ и ги исполнувате наведените квалификации, доставете апликација со содржина:

· Мотивационо писмо

· CV со фотографија

· Копија од документи со кои се презентираат останатите барани услови

Вашата апликација ќе се третира доверливо.

Апликациите испратете ги на адреса: АДИНГ АД Скопје, Новоселски пат 11, пош.фах 40 или на e-mail: pip@ading.com.mk најдоцна до 19.06.2015 г.

Испрати коментар

Scroll To Top