Насловна / Дневни Вести / Градежните работи на Спомен-куќата на Тоше се завршени

Градежните работи на Спомен-куќата на Тоше се завршени

tn1_spomen-kuka-za-tose.jpgСкопје – Почитувајќи ги заложбите на македонската музичка икона Тоше Проески, кој со својата креативност и непосредност, низ целиот Балкан и пошироко, ја афирмираше културата на државата и остави траен белег во севкупното културно живеење, Владата на Република Македонија и Министерството за култура инвестираа во изградбата на Спомен-куќа на овој уметник, која ќе биде искрен придонес и благодарност од сите граѓани во негувањето на неговиот лик и дело.

Спомен-куќата, соопшти денеска Министерството за култура, ќе претставува материјализација на целиот животен пат на Тоше Проески и низ своите содржини ќе обезбеди хронолошки  приказ на неговото детство, на тинејџерските години, на периодот кога Тоше го достигна врвот во својата уметничка кариера.
Поставката на Спомен-куќата ќе биде збогатена со автентични експонати кои се сопственост на семејството Проески. Министерството за култура информира дека во согласност со планот и динамиката, како што и ветивме на македонската јавност, во пресрет на  30-тиот роденден на Тоше Проески  сите градежни работи на Спомен-куќата се комплетно завршени. Спомен-куќата ќе биде отворена за посетителите откако семејството на Тоше Проески ќе ги внесе во неа неговите лични предмети кои се дел од автентичната збирка на експонати, стои во соопштението.
Министерството за култура и во иднина ќе биде отворено за поддршка на   проектите  што се  поврзани со негувањето на споменот за Тоше Проески бидејќи  само на тој начин можеме да ја втемелиме бесмртноста на неговиот лик и дело, се вели во соопштението. (МИА)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top