Насловна / Форум / Јавниот простор – најосновниот елемент при создавање на градот

Јавниот простор – најосновниот елемент при создавање на градот

javen_prostor.jpgОсновна карактеристика на
градот е концентрацијата.
Концентрација на луѓе,
концентрација на суровини,
производи, материја, концентрација
на идеи, информации, со еден збор
концентрација на различности со цел
човекот поефикасно да ги задоволи
своите потреби, а истовремено
да креира град каде основна
карактеристика е заедништвото
преку кое тој се издигнува на
духовно, социолошко и духовно
поле.

Мноштвото луѓе, дејности,
различности концентрирани на едно
место, се причина за човековото
заедништво кое најдиректно се
изразува во јавниот простор,
заедничкиот колективен простор.
Степенот на развојот на современите
градови, од овој аспект можеме да го
оцениме и според количеството на
концентрација на разновидности од
секаков вид материјални и нематеријални
и нивна ефикасна организација во
една целина (дејности, производи,
видови професии, идеи, информации,
разнородни просторни организации) …
Односот кон јавниот простор и
значењето кое му се придава го
одразува културно-социолошкиот
контекст на едно општество. Jавниот
простор го означува она што е
заедничко, она што се споделува
и ужива, а не може да се поседува.
Тоа е просторот што е достапен за
сите, каде би требало да се случуваат
безбројни хетерогени активности и
да учествуваат различни актери.

 

javen_prostor2.jpg

Односот кон јавниот простор
во Македонија.

Во минатото, во Македонија, кога
не постоеле градежни регулации,
односот кон заедничкото, а особено
односот кон другите индивидуи,
соседи, бил одржуван на високо ниво
преку непишани постоечки правила.
(на пр. делот од улицата од фронтот
на една парцела бил одржуван
од луѓето што живееле таму).
Но, во последните 20 години во
Македонија тоа се има значително
променето. На прво место, јас би ја
ставил нерамнотежата помеѓу јавниот
и приватниот простор ( што може да се
поврзе и со промената на општествениот систем и буквалната реализација на форум
приватизацијата).

 

Најчесто приватниот
сектор го узурпира јавниот простор,
што укажува на непостоење на чувство
за заедничкото, основен показател
за културно – цивилизацискиот
развиток на едно општество. Новите
градби целосно се изолираат од
својата околина и се претвораат
во самодоволни организми со
апсолутистички став, притоа негирајќи
ја современата архитектонска мисла
за непостојаност, променливост,
приспособливост, хибридизација
на јавното и приватното.
Денес, кризата на јавниот простор
во Македонија се одразува преку
општата неопременост и неодржаност
на јавните простори. Примери има
многу: приватизација на јавниот
простор (на пр. градските кафулиња
на Кејот неограничено го узурпираат
речиси 100% од јавниот простор,
притоа оневозможувајќи избор
за разнородни јавни вариетети),
приватизацијата преку доградби,
оградувања и други градежни
испуштања во јавниот простор,
малата застапеност на заеднички
простор во повеќестанбените згради,
степенот на негова опременост и
одржаност, екстремниот контраст во
степенот на уреденост и опременост
помеѓу приватните домови и јавниот
простор, (пр."луксузната" населба во
Бардовци, каде јавниот простор е
сведен на минимум и се манифестира
преку минимални тесни и ископани
улички, за разлика од индивидуалните
парцели кои претставуваат социјално
затворени системи во кои се
вложени огромни средства со
екстремна технолошка опременост),
узурпирање на јавниот простор од
страна на непрописно паркираните
приватни возила за кои намерно не
е обезбеден паркинг простор во
рамките на индивидуалните парцели,
или соодветно одредените места
со деталните урбанистички планови
(пр. нас. Буњаковец, Дебармаало,
бул. Партизански Одреди и др).

 

За да се подобри квалитетот на
архитектурата, а уште повеќе
квалитетот на јавниот простор, пред
се треба да се променат ставовите
на граѓаните во Македонија, да се
променат нивните етички, социолошки
и духовни состојби. Тогаш, нема
да се создаваат индивидуални
социолошко-психолошки бункери,
навидум идеализирани средини во
кои се конценрираат материјални
средства, туку акцентот ќе се стави
на зедничкото, на се она што може
да се ужива, да се споделува, а
не може да се поседува. Луѓето
треба да сфатат дека само преку
заедништво може да се види
напредокот на општеството, културата
и цивилизацијата. Тоа подразбира
напредок и на архитектурата,
бидејќи таа всушност претставува
конкретизација на цивилизацијата.јавниот простор во современиот свет
Во последните децении постепено
исчезнува релацијата помеѓу поседот и
неговата употреба.

 

Се повеќе приватниот
посед се користи како јавен простор, за
градење на трговски центри, аеродроми,
музеи и сл . Така се креира нова реалност
во која колективното (огромна маса на
индивидуи), е единствената константна
карактеристика. Од една страна, постои
тенденција јавниот, колективниот или
релационен простор, да биде отворен
за размена помеѓу активните сценарија
и активирање на минувачите од страна
на корисниците и актерите. Од друга
страна, пак, нема повеќе простор на
нео-монументалистичка рекреација
базирана на затворени дизајни низ чисти
завршени слики, туку простор на нови
пејзажи во пејзажи за интеракција и
адаптација, природни дизајни, односно
се создаваат нови хибридни ситуации,
наместо старите граѓански модели.
Новиот дизајн во јавниот простор
претставува збир на повеќе тактични
одлуки отворени за промена, генератори
на активности и мешовитост кои
овозможуваат пластично уживање
преку актуелни инсталации за
одмор, спорт, култура, комуникација,
разновидност, врски на луѓето и
конечно проекција на граѓанинот. Тоа
се инструменти базирани на лесни
конструкции поврзани на енергетски
и информациски мрежи, базирани на
интелигетни природни или вештачки
подлоги осмислени низ колоритни
рециклирани материјали.

 

Сега јавниот
простор претставува сложен релационен
простор кој не служи само за прошетка,
туку и за лични или споделувачки
побуди. Ненаселен, оптимистички,
релаксиран, променлив, непостојан,
повеќедимензионален, повеќе уживачки
и возбудлив, отколку елегантен…
Поединецот како личност треба да
биде задоволен, но секогаш треба да
се согледува себе си како дел од една
целина. Со други зборови, нашите
лични, поединечни изрази треба да
имаат заеднички именител. Ние се
раѓаме во Градот што постоел пред нас,
но постепено тој добива значење на
место во кое живееме и се поврзуваме
со него преку мноштво на спомени.

 

Улиците и местата стануваат спомени кои
се дел од нас, а времето и просторот
на градот, историја на нашите животи.
европска награда за урбан јавен простор
Европска награда за урбан јавен простор,
претставува биенален натпревар,
организиран од страна на шест европски
институции, под иницијатива на Centre of
Contemporary Culture of Barcelona (CCCB),
со цел препознавање и поттикнување
заживувачки проекти и одбрана на
јавниот простор во нашите градови.
Наградата, единствена од овој тип во
Европа, е креирана во 2000 г., а оваа
година го слави нејзиното шесто издание.

 

 

Една од задачите на овој конкурс е да
сведочи за процесите на рехабилитација
на јавните простори, што се имаат
појавено во многу европски земји,
како и препознавање и негување
на јавниот карактер на урбаните
простори и нивниот капацитет за
унапредување на социјалната кохезија,
потврдувајќи ги повеќезначните
својства на јавниот простор.
Наградата ги поттикнува релационите
и граѓанските аспекти на типично
јавниот простор и се разликува од
другите иницијативи кои се фокусирани
најмногу на фигурата на архитектот.
Оваа награда е специфична по тоа што
не е многу коцентрирана на операции
со голем размер од аспект на урбано
планирање, туку на помали интервенции
познати под името "урбана хирургија"
кај кои основна цел е подобрување на
животите на граѓаните. Акцентот не е
ставен на естетскиот и спектакуларниот
аспект на современата архитектура,
туку многу повеќе се однесува на
архитектурата со социјален карактер.
Оваа година се доделени награди за
две први места и четири пофалени
проекти.

 

Наградени се: библиотеката
на отворен простор во Германија и
оперската куќа, која со покривот
излегува од водите на брегот на Бјорвика,
во Осло. Пофалени се: урбаните
атрактори, Ротердам, комлексен
стрип – транзиција помеѓу градот и
плажата, Шпанија, пасаж претворен
во колективно управувана еколошка
градина, Париз и рибарски кабини
поставени на пристаниште, Шпанија.

Испрати коментар

Scroll To Top