Насловна / Градежништво / Едни градат- други рушат

Едни градат- други рушат

edni-gradat-drugi-rusat-thumb.jpgВо разни фази на градбата (електрика, машинство, водовод и канализација
и други) мајсторите буквално со денови се препуштени сами на себе и
ги извршуваат своите работни задачи онака како што сметаат дека е
најлесно и најбрзо. Притоа, многу често се случува да направат огромни
оштетувања во носечката армирано-бетонска конструкција, која може
да има несогледиви последици, па дури и од безбедносен карактер.

Надзорот како инструмент го
воспоставила државата за,
како што означува и самото
име, да ги надзира, односно
надгледува и контролира градежните
и градежно-занаетчиските работи
при изведба на еден објект. Надзорот
проверува дали тие се изведуваат
според проектната документација. И
обично надзорниот инженер доста
ревносно си ја извршува својата
работа, а посебно кога се работи за
изведба на носечката конструкција
до фаза карабина. Но потоа, кога
доаѓа до фазата на градежно-
занаетчиските работи, некако
како најтешкото да поминало, па
вниманието и контролата попуштаат.
Има моменти кога мајсторите од
разни фази на градбата (електрика,
машинство, водовод и канализација
и останатите) буквално со денови
се препуштени сами на себе и
ги извршуваат своите работни
задачи онака како што сметаат
дека е најлесно и најбрзо.
edni-gradat-drugi-rusat-1.jpgПритоа, многу често се случува
да направат огромни оштетувања
во носечката армирано-бетонска
конструкција, која може да има
несогледиви последици, па дури
и од безбедносен карактер.

За да го елаборирам
посликовито моето согледување
кон оваа проблематика ќе
наведам два примера, случени
на два различни објекта во две
различни фази на изградба. Првиот случај на таква (не)
намерна злоупотреба на работата
е преадаптацијата на потполно
нов стан (пред сопственикот да
се всели) во деловно-станбен
објект во населба Тафталиџе.
Заради инсталирање на нови
електрични инсталации при промена
на работните простории, а од
друга страна за да се заштеди на
малтерисување на плафоните и
ѕидовите или пак за да се избегне
употреба на спуштени плафони, е
одлучено електричните кабли да се
„шлицаат“ директно низ носечките
елементи (столбови, греди и плочи).

Така, со штемувањето на двата
армирано-бетонски столбови,
заради поминување на кабли
од електричната инсталација, е
извршено видно оштетување на
столбовите и тоа во пресеци кои во
делот на статичката и сеизмичката
стабилност на кој било објект
се посочуваат како најкритични
пресеци за една конструкција. Исто така, еден од столбовите е
оштетен и по цела негова висина.
edni-gradat-drugi-rusat-2.jpgПроблемот е уште посериозен ако
имаме предвид дека станува збор
за намалување на димензиите на
пресекот на еден од централните
столбови и тоа на прв кат, каде што
сеизмичките сили на смолкнување
се едни од најголемите во целиот
објект. Ако пресметаме дека
објектот е со катност Пр+6+Потк,
централниот столб носи површина
од околу 18 квадратни метри по
кат, односно тежина од 23 тони по
кат или сè вкупно за 5 ката, тежина
од 115 тона (слика 1 и слика 2). Потоа, со штемувањето на армирано-бетонскиот носач (греда) по цела нејзина должина, заради поминување на кабли од електричната инсталација, е извршено
исто така нејзино оштетување, со што е придонесено за намалување на нејзиниот попречен пресек, т.е. нејзин намален капацитет на носивост (слика 3). И на крај, со штемувањето на армирано-бетонската плоча, заради
поминување на кабли од електричната инсталација, е извршено нејзино
локално оштетување, што исто така статички не е дозволено. (слика 4).

edni-gradat-drugi-rusat-4.jpgВтор сличен случај на (не)намерна злоупотреба на работата е
поставување електрични инсталации во стан во станбен објект кој
се гради во населба Црниче. И овде, исто така заради полесна и
побрза изведба на објектот, е одлучено електричните кабли да се
„шлицаат“ директно низ носечките елементи: столбови и греди.

И кај двата случаи веднаш било
прекинато понатамошното
оштетување и наложено да се
отстранат каблите од електричната
инсталација, а потоа да се изврши
санација на оштетените носечки
елементи (столбови, греди и плочи).
Меѓутоа останува прашањето,
што ако сепак некогаш премногу
доцна се стопира ваквата
нестручна работа или пак
воопшто никој не го забележи
ваквото несовесно работење
на градежните работници!?
edni-gradat-drugi-rusat-3.jpgПосебно ова треба да го имаме
предвид, ако се потсетиме дека во
новиот Закон за градење од 2011
година, член 59-а, за индивидуални
објекти до 300 квадратни метри
не е потребен никаков надзор,
туку самиот изведувач преку
изјава дадена на нотар тврди дека
градбата е „солидно“ изработена.

м-р град. инж. Влатко Коцевски

Испрати коментар

Scroll To Top