Насловна / Вести / Германските ветерници на испит

Германските ветерници на испит

Image

Германија е најголем корисник на моќтта на ветерот во светот, и има амбициозен план да изгради уште повеќе турбини на ветер.
Донесена е одлука дека генерирање нуклеарни централи не е вистинскиот пат, и се оди дури дотаму да се затворат постојните нуклеарки.
Иднината на земјата е свртена кон произвотство на зелена енергија, со посебен осврт на енергијата од ветер. Како и да е, некои набљудувачи се прашуваат дали инвсетирањето во моќта на ветерот е економски разумно.
Алслебен е мал град во источниот дел на Германија на бреговите на реката Сал. Мирно место опкружено со фарми, но во последно време неговите жители се привикнуваат на некои нови соседи.
На ридовите над гратчето се наоѓаат 37 гигантски ветерни турбини. Алсебен е сега – најголема ветерна фарма во земјата.

Инженеријата е импресивна. Ножевите на овие ветерни турбини се подолги од крилото на “боинг 747“, со нагласена аеродинамичност да може да ги издржат брзините и од 270 километри на час. Местото е во сопственост на индустрискиот магнат “Џенерал електрик“ од САД. Тие се убедени дека создавањето на енергија од ветер е економски оправдано.

“ЏЕ“ смета дека побарувачката на ветерната моќ во другите европски земји ќе се зголеми на ист начин како во Германија. Според Протоколот од Кјото, Германија е обврзана да ја намали емисијата на штетни гасови. Моќтта на ветерот е во очигледна предност, создавањето на ваква енергија е незагадувачко. Германските политичари планираат земјата да произведува 20 отсто од својата енергија на ваков начин до 2020 година. Но се крева врева околу вредноста на градењето на потребните далноводи. Германската Агенција за енергија вели дека ова би чинело околу 1,1 милијарда евра или 17 евра екстра за секое семејство. Но, специјалистот по енергетика професор Волфганг Фафенбергер од Универзитетот во Бремен вели дека овие бројки се премногу ниски и дека домашните потрошувачи ќе бидат тие кои ќе ја
плаќаат сметката.

“Ова е голема цена за индустриските потрошувачи поради поевтината енергија во другите земји. Да се задржат работните места и да се сопре одливот на бизнисот, голем дел од цената ќе се префрли на домашниот потрошувач“, смета тој.

Новата ветерна фарма во Алслебен е дизајнирана да снабдува електрична енергија за 30.000 домови, но кога ветрот ќе престане да дува, ножевите престануваат да се вртат и производството на енергија се сведува на нула. Критичарите ова го потенцираат како важен фактор: не е можно да се потпираш на ветрот како енергија. Дури и со изградба на ветерни фарми се уште постои потребата на егзистенција на конвенционални електрични централи во случај на замирање на ветрот.

“Многу часови во годината се со малку или без ветер,” вели Мартин Фучс, главен директор на една од најголемите електрични мрежи во Германија, “Е Он Нетз“ и додава: “Можеме да задржиме само мал број конвенционални електрични централи“. Протокот на ветер генерирана електрична енергија ризикува оптоварување на мрежата, предизвикувајќи блокирање на струјата, смета тој.

Овие обвинувања индустријата за производство на струја од ветер робусно ги отфрла. Кристијан Кјаер, претставник на Европската асоцијација за ветерна енергија, вели дека целокупната електрична мрежа е дизајнирана да се справи со флуктација на електричната енергија. “Фосилните горива или нуклеарните централи се навистина непостојани“, вели тој. “Не е возможно 1.000 мегавати од ветерна енергија да замре за секунда, а тоа се случува со конвенционалните електрични централи“.

За сега, неколкумина во Германија ја доведуваат во прашање програмата за ветерна енергија. Заштедата во однос на емисијата на штетни гасови во атмосферата е политич ки популарна. Сепак, постои прашалник за цената на сето ова, и дали изградбата на толку многу ветерници е економски оправдана.

 

Објавено во број 92. 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top