
Во објектите на поранешната советска фабрика за трикотажа во Тбилиси, Грузија, изграден е мултифункционалниот простор „Фабрика“ кој содржи голем хостел со 95 соби, уметнички студија, барови, кафетерии и прекрасен двор. Просторот ги обединува традиционалното грузиско гостопримство, соцреализмот и модерната уметност и претставува популарно место за туристите.

Тука се одржуваат претстави, изложби, забави и други настани. Гостите можат едноставно само да одмoраат со чаша грузиско вино во дворот со интересна инсталација – машини за шиење од поранешната фабрика, која во почетокот на деведесеттите од минатиот век (по граѓанската војна во Грузија) престанала да работи. Илјадници парчиња облека од магацините на фабриката и денес може да се купат во „Фабрика“ како уште еден од многубројните сегменти на овој концепт.

Извор: Interesting Engineering
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија