
Технолошкиот гигант, јапонската компанија Fujitsu одгледува органски зеленчук (зелена салата) во својот погон за полупроводници во префектурата Фукушима. Зеленчукот расте во посебни услови во средина која е заштитена од секаква контаминација.

Интересно е дека за одгледување на салатата воопшто не се користи земја, а преку компјутерски управуван систем на растенијата им се дозира точно потребниот хранлив раствор. Се одгледуваат салати со ниска концентрација на нитрати и калиум, а се доставува до болници или специјализирани маркети за диетална храна.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија