
Дупката што пред една недела се отвори сред фреквентната улица во градот Фукуока во Јапонија, со пречник од околу 30 метри, целосно е санирана за само два дена.

Санацијата опфатила поправка на канализационата цевка, сите подземни кабли и водови, полнење на дупката со песок и бетон, и конечно алфалтирање на самата улица. Службите работеле деноноќно без прекин од 9 до 11 ноември.

Во наредните два дена по санацијата, направени се сите безбедносни проверки и контроли, пред издавањето на дозволата за сообраќај по улицата.
https://www.youtube.com/watch?v=W3A-kA3sEeA
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија