
Европската комисија отвори истрага по повод плановите на британската влада да субвенционира изградба на нуклеарка, поради сомневање за кршење на британскиот закон за субвенции. Како што се проценува, новата централа би вредела 18,9 милијарди евра. „Кога државните пари се трошат за помош на одредени компании, Комисијата има обврска да испита дали е тоа сторено во согласност со правилата“, се наведува во соопштението на Комисијата.
Британската коалициона влада во септември потпиша спогодба со францускиот енергетски гигант EdF (Electricite de France) за изградба на два нуклеарни реактори во југозападна Англија.
Извор: France Presse
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија