Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Расте популарноста на енергијата од ветерот во САД

Расте популарноста на енергијата од ветерот во САД

Siemens erhält bislang größten Auftrag für Windkraft an Land / Siemens awarded largest onshore wind power order to date
Компанијата MidAmerican ќе затвори некои од своите централи на јаглен во текот на 2015 година, со оглед на се поконкурентната цена на енергијата од ветерот. Тоа го препозна и познатиот милијардер Ворен Бафет, па неговата компанија Berkshire Hathaway неодамна нарачала од Siemens AG ветротурбини со вкупна моќност од 1.050 MW чија вкупна вредност изнесува дури една милијарда долари.

Тоа е досега најголемата нарачка на ветротурбини, а истите ќе бидат инсталирани во сојузната држава Ајова. Овој потег само го потврдува лидерството на Бафет во оваа област, бидејќи компанијата MidAmerican која е дел од групацијата Berkshire Hathaway, е цврсто позиционирана на првото место во САД по производство на електрична енергија од ветер.

Извор: reciklirajte.me

Испрати коментар

Scroll To Top