
Меѓународниот Совет за проценка на високи згради и урбани средини CTBUH (the Council on Tall Buildings and Urban Habitat) ги прогласи победниците за 2016 година.

Оваа година, 15-ти пат по ред, стручњаците оценуваа 132 предлози на конкурсот. На цена беа градби кои имаат позитивно влијание врз животната средина и комфорот на луѓето што живеат во нив.

При оценувањето земени се предвид одржливоста, сеизмиката, отпорноста на ветар и мешовитата функционалност.

Победниците во дури пет категории се познатите архитекти Bjarke Ingels и Jean Nouvel. Зградата „The Cube“ во Бејрут, Либан, ја доби наградата за најубава висока зграда на Блискиот Исток и Африка.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија