Насловна / Архитектура / Архитектонска и естетска целина со врвна ефикасност

Архитектонска и естетска целина со врвна ефикасност

Компанијата BC Passive House се наоѓа во малото гратче Пембертон во Британска Колумбија, Канада. БЦ Пасив Хаус (BCPH) е компанија силно посветена на одржлива градба и градење со дрво. Тие го изградија првиот производствен погон во Канада целосно од дрво, кој ги задоволува високите критериуми на пасивна градба. Овој објект претставува и еден вид демонстративна градба која може најдобро да го долови капацитетот со кој располага компанијата за реализирање на комплексни идеи, како во архитектонска и конструктивна, така и во енергетска смисла.Fasada Del

Објектот е поделен на два главни дела за производство. Во објектот, исто така, проектирани се конференциска соба, канцеларии, соба за презентации и помошни простории. Производствениот погон максимално ја искористува својата јужна експозиција за максимално искористување на сончевите зраци, од што се добива топлинска енергија и секако светлина.

При првиот поглед кон објектот, веднаш се забележува панорамскиот отвор на фасадата, кој се протега долж сите страни и овозможува влез на природна дневна светлина во работните простории, како и спектакуларен поглед кон блискиот планински масив.Fasada

Квалитетот на градбата и дизајнот на производствениот погон носи голема вредност на компнијата со тоа што создава подобра работна средина, што се преточува пак во долгорочен бенефит преку задоволство на вработените лица. Дневната светлина и дрвото во ентериерот создаваат природен и инспиративен работен простор, каде работниците се чувствуваат пријатно и безбедно, со што се зголемува продуктивноста на компанијата и безбедноста при работа.

Главната цел на овој проект е да се покаже дека индустриските објекти, кои заземаат еден огромен дел од градежништвото, се исто важни архитектонски дела како и останатите објекти, како станбени или јавни згради, на кои се обрнува повеќе внимание во естетиката и архитектурата.Detal Fasada 2

Пасивниот стандард е моментално најригорозниот енергетски стандард за градба во светот. Анализата што е направена со специјален софтвер за проекција на евентуална потрошувачка на енергија, покажува дека овој објект ќе заштеди приближно 80% од енергијата што треба да се искористи во објект со исти димензии кај кој не е запазен пасивниот стандард.

Греењето е решено со софистицирана печка на дрва која го искористува целиот отпад од сопственото производство, додека просторот се загрева преку систем на подно греење. Овој систем на компанијата ѝ овозможува да користи економичен и обновлив извор на енергија, со што се употребува отпадниот материјал за греење.Proizvoden Pogon 1

Главните конструктивни елементи се ламелирани дрвени носачи од дрвниот вид дуглазија, и вкрстено лепени плочи (Cross Laminated Timber) за ѕидовите, сите произведени и обработени во сопствените производствени погони. Кровната конструкција е изработена од префабрикувани сендвич панели кои овозможуваат зацврстување на целата скелетна конструкција за време на изградбата. Префабрикуваните елементи значително ја зголемуваат ефикасноста и квалитетот на објектот, бидејќи тие се произведени и обработени во контролирани фабрички услови.Proizvoden Pogon 2

Исто така, се зголемува и прецизноста на изработката на елементите, со што драстично се намалуваат промените во дрвото како што се промена на димензии, извитоперување, појава на мувла, гниење, инсекти и останати штетни елементи и деформации. Изработката на конструктивните елементи во контролирани услови овозможила подигнувањето на главната конструкција да се завари за осум дена, со што значително се намалила теренската работа. Трислојните вкрстено лепени плочи искористени за ѕидовите, ги задоволуваат сите градежни и статички стандарди и естетски го збогатуваат ентериерот.Kancelarii 1

Производствениот погон на компанијата BC Passive House е изграден со енергетски ефикасни методологии на градба, иновативни конструктивни материјали изработени од дрво и пасивен енергетски стандард. Но најмногу од сè, овој објект најдобро ги демонстрира сите можности на дрвото и иновативни материјали изработени од него, со што се добива една архитектонска и естетска целина со одлична ефикасност, како за енергетската потрошувачка така и за самото производство.Detal Fasada 1

Испрати коментар

Scroll To Top