Оваа куќа претставува тип на куќа која е карактеристична за новоизградените станбени куќи кои поради големата густина на архитектонското градско ткаење во Токио, се повеќе се сврени кон својата внатрешност и се интровертни.


За да си ја загарантира својата сигурност и интима, оваа куќа е опкружена со високи ѕидови а истовремено прозорците се свртени кон внатрешниот двор.


И покрај затвореноста на оваа куќа кон околината, во нејзината внатрешност не недостасува светлина. Таа е одлично осветлена во секоја нејзина просторија.


Ентериерот на оваа куќа се одликува со многу јасни и минималистички елементи, така што целата куќа, како од надвор, така и од внатре, е изведена и обликувана со јасни и чисти форми и елементи.


Стаклото, металот, дрвото и натур-бетонот се извонредно комбинирани и создаваат многу пријатна атмосфера во внатрешноста на куќата.










Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија