Насловна / Вести / Приклучување на последните 30 семејства од населбата „Балканска“ во Штип на канализационата мрежа

Приклучување на последните 30 семејства од населбата „Балканска“ во Штип на канализационата мрежа

stip balkanska

Општина Штип и ЈП „Исар“ почнаа со завршни активности за приклучување на населбата „Балканска“ на градскиот канализационен систем.

– ЈП „Исар“ од денеска започна со поставување на канализација на последните 410 метри, со што околу 30 семејства ќе бидат приклучени на канализационата мрежа. Инвестицијата е вредна 700.000 денари и е на општината. Инаку во текот на 2015 година, наша цел е да бидат поставени уште 5.4 километри канализациона мрежа – изјави директорот на ЈП „Исар“, Ангел Бојаџиев.

stip balkanska (2)

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев истакна дека основна цел на локалната самоуправа е да ги реши трите најважни прашања за граѓаните: вода за пиење, канализација и патишта:

– Сето друго е илузорно и затоа не сакаме да зборуваме за грандиозни проекти се додека не се решат овие основни работи. Во 21 век, не е дозволиво да има делови од градот кои се уште се без вода, канализација или патишта. По завршувањето во „Балканска“ се селиме во Караорман. За поставување на канализација таму ни побараа 850.000 евра, но ЈП „Исар“ направи реални пресметки, според кои проектот може да се заврши и за 120.000 евра. Затоа и тие ќе го реализираат.

Испрати коментар

Scroll To Top