
Mediterraneo е серија на модуларни елементи за одгледување на растенија, дизајнирани од архитектот и индустрискиот дизајнер Зоран Једрејчиќ. Сите продукти на серијата Mediterraneo се изработени од најквалитетни материјали: висококвалитетна пластика за изработка на телото на елементите, а алуминиум за модуларните ногарки.

Идеја водилка за овој дизајн е создавање на модуларен систем на саксии кои и физички но и концептуално ќе може да се адаптираат и во внатрешни и во надворешни простори.

Освен модуларните елементи тука се и мултифункционалноста на самите објекти, елементите со ногарки со променлива висина кои лесно можат да се претворат и во масичка, со едноставно додавање на складни елементи.


Со основното комбинирање на неколку различни елементи, облици, бои и висина на ногарките, компонентите на системите Mediterraneo можат да бидат игрива лична креација на нивните сопственици.

Со својот квалитет и рафиниран дизајн, Mediterraneo се многу повеќе од саксии, тие се парче мебел кои го оплеменуваат просторот. Карактеристично за нив е што содржат свој систем за наводнување давајќи му слобода и сигурност на корисникот дека билките во овие елементи ќе виреат.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија