Насловна / Вести / Заврши реставрацијата на црквата „Свети Никола“ во Косел

Заврши реставрацијата на црквата „Свети Никола“ во Косел

Kosel
Со поддршка на Министерството за култура, стручните екипи на Заводот и музеј Охрид ја завршија шестата, последна фаза од проектот за конзервација и реставрација на архитектурата и на фрескоживописот на црквата „Свети Никола“ во охридското село Косел, проект вреден 3,9 милиони денари.

Како што соопшти Министерството, работите на црквата во континуитет се одвиваа од 2008 до 2014 година со заштита на одделни секции од верскиот храм, кој датира од 15 век. Во текот на шесте етапи извршена е конзервација на архитектурата на црквата, која беше целосно распадната и за која постоеше опасност од уривање. Се работеше во внатрешноста на црквата на конзервацијата на вредниот фрескоживопис, се конзервираа оштетените фрески, а паралелно се работеше на новооткриениот живопис.

Испрати коментар

Scroll To Top