Површината на Земјата прекриена со океани сочинува околу 70% од вкупната површина, па затоа нивното разбирање е клучно за заштита на морските екосистеми. Сепак, во овој момент човештвото истражило и мапирало само 5% од океаните. Препознавајќи го значењето на понатамошните истражувања, ЕУ си постави цел да стане глобален лидер во оваа област. Попрецизно, планот е до 2035 година, ЕУ значително да го зголеми својот придонес во глобалниот систем за мониторинг на океаните и развојот на ocean intelligence капацитетите.

Следејќи ја таа цел, Европската Комисија ја усвоила иницијативата OceanEye, која опфаќа воведувње на европски дигитален систем за окените – единствена влзна точка за податоци за океаните и морињата. Иницијативата исто така вклучува задвижување на новиот меѓународен сојуз за мобилизација на инвестиции во Глобалниот систем за опсервација на океаните (GOOS), како и развој на иновативни начини за приближување на океаните на јавноста, преку инсталации, музејски поставки и соработка со уметниците. Покрај тоа, предвидено е до 2030 година во целост да биде оперативен европскиот дигитален „близнак“ на океаните – виртуелна репрезентација на океаните која ќе биде достапна како јавна услуга на граѓаните на Европа и остатокот од светот.

Европската Комисија преку програмата Horizon Europe, ќе вложи 62 милиони евра за зајакнување на придонесот на ЕУ кон Глобалниот систем за опсервација на океаните и релевантните глобални бази на податоци, со цел да ги поддржи овие активности. Дополнителни 30 милиони евра ќе бидат насочени кон развој и иновации на технологии за оваа намена.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија