Насловна / Архитектура / Истражување покажува дека ВИ станува активен соработник на архитектите

Истражување покажува дека ВИ станува активен соработник на архитектите

Компанијата за софтвер за визуелизација и дизајн Сhaos објави податоци за употребата на вештачката во архитектурата, известувајќи дека таа сè повеќе се користи за поддршка на донесувањето одлуки, како и за генерирање слики.

Сhaos соработувале со архитектонската платформа Architizer за да анкетира луѓе кои работат во областа на архитектонската за тоа како ја користат вештачката интелигенција (ВИ) во нивните работни процеси.

Околу осумстотини архитекти и дизајнери од целиот свет биле вклучени во истражувањето на индустријата, кое покажало дека 64 отсто од учесниците експериментирале со алатки за ВИ во својата работа.

Од оние кои веќе користат вештачка интелигенција на работното место, 86 потсто рекле дека им заштедила време, додека 31 отсто рекле дека значително ги забрзала работите.

Истражувањето, исто така, покажало дека 74 до 93 отсто од учесниците веројатно ќе ја зголемат употребата на ВИ во пракса во следната година.

Најпопуларните употреби на вештачката интелигенција биле генерирањето и подобрувањето на сликите. Сепак, Сhaos тврди дека ВИ сè повеќе се користи во сценарија за креирање проект, дејствувајќи како „соработник“ во проектирањето.

Истражувањето покажало дека 26 отсто од учесниците користеле вештачка интелигенција за избор на материјали и генерирање ресурси.

Со прифаќање на вештачката интелигенција на овој начин, архитектите можат да постигнат посложени, со податоци побогати проекти во пократки временски рокови, наведува Chaos.

Според истражувањето, ВИ се користи во сценарија за донесување одлуки, како и во генерирање слики.

„Она што го гледаме е премин од изолирано експериментирање кон смислена интеграција“, вели Bill Allen, директорот за управување со производи во Chaos.

„ВИ станува природно проширување на работниот процес во текот на проектирањето, помагајќи им на архитектите побрзо да поминат од идеја до одлука, додека истовремено цврсто ја држат креативната контрола во свои раце.“

Во своето истражување, Chaos откриле дека ВИ е корисна во раната фаза на проектирање за брзо креирање на бројни рендери и реалистични визуелизации.

„Денес, најсилното влијание на ВИ е во визуелизацијата и развојот на концепти. Овие алатки им помагаат на тимовите побрзо да комуницираат идеите, порано да ги тестираат насоките и да го усовршуваат проектирањето со поголема агилност, поддржувајќи го, наместо да го заменуваат, креативното донесување одлуки“, велат од Chaos.

Поголемиот дел од анкетираните биле задоволни од работата произведена од алатките за ВИ, при што 69 отсто изјавиле дека се донекаде задоволни, а 19 отсто многу задоволни.

Chaos верува дека како што системите за ВИ сè повеќе се интегрираат во архитектонската работа, се повеќе се очекува прецизност и сигурност на резултатите од работењето.

Компанијата предвидува дека во блиска иднина, ВИ ќе биде интегрална алатка за соработка во работните процеси во архитектурата и процесите на проектирање.

„Можноста не е во тоа да се работи помалку проектантска работа, туку во тоа да се работи подобро. ВИ помага архитектите да можат да поминат повеќе време во обликување на резултатите, а не само да ги произведуваат.“

За да дознаете повеќе за Chaos, посетете ја нивната веб-страница.

Испрати коментар

Scroll To Top