Насловна / Арт и дизајн / Слика на Рој Лихтенштајн на аукција во понеделник може да достигне цена од 60 милиони долари

Слика на Рој Лихтенштајн на аукција во понеделник може да достигне цена од 60 милиони долари

Едно од најпознатите дела на Рој Лихтенштајн повторно се враќа во центарот на вниманието по повеќе од три децении криење во приватна колекција.

Легендарната Anxious Girl се враќа на пазарпт на уметнички дела и веќе привлекува големо внимание, бидејќи се проценува дека би можела да достигне цена помеѓу 40 и 60 милиони долари на аукција. Продажбата ќе се одржи на аукцијата на Christie’s во Њујорк на 18 мај 2026 година, а колекционерите ширум светот веќе го следат секој детаљ.

Anxious Girl е создадена во 1964 година и се смета за еден од најважните женски портрети создадени од уметникот во клучен период од неговата кариера. Станува збор за еден од само десетте женски ликови инспирирани од естетиката на стриповите, создадени во моментот кога Рој Лихтенштајн го редефинирал поп-артот и ја променил историјата на современата уметност.

Сликата некогаш им припаѓала на познати колекционери на поп-арт уште од шеесеттите години. Од 1994 година е во приватни раце и практично исчезнала од очите на јавноста 30 години. Токму оваа реткост дополнително го зголемува интересот.

Серијата „Gir“, на која припаѓа ова дело, се смета за свет грал меѓу колекционерите. Во периодот од 1963 до 1965 година, уметникот ги насликал своите најпрепознатливи хероини – жени заробени во драматични моменти, со напнати погледи и емоции што се чувствуваат и без ниту една изговорена реченица.

На прв поглед, сликите изгледаат едноставно: линија, боја и форма. Но, токму во оваа едноставност е скриена нивната моќ. Затегнат кадар, поглед полн со прашања и недоречена приказна ги претвораат во дела што остануваат во главата долго по гледањето.

Препознатливите Benday точки, заштитен знак на уметникот, во тој период уметникот сè уште сликал лично, што дополнително ја зголемува вредноста на овие рани дела.

Сепак, постои и контроверзност околу сликата. Anxious Girl е базирана на панел од стрипот Too Much to Ask! објавен во DC Comics изданието Girls’ Romances #97, чиј автор е Тони Абруцо. Уметникот отстранил сè од оригиналната сцена освен лицето на хероината, оставајќи ја само емоцијата и напнатоста на погледот.

За едни, тоа е генијална реинтерпретација. За други – присвојување на туѓо дело. Сепак, пазарот на уметност одамна донесе пресуда: цените на овие дела не престануваат да растат.

Поранешните рекорди зборуваат сами за себе. Sleeping Girl е продадена за 44,8 милиони долари, додека Nurse достигна цена од дури 95 милиони долари и останува најскапото дело на уметникот. Сега сите чекаат ист одговор: дали Anxious Girl ќе влезе меѓу најскапите поп-арт слики на сите времиња? Едно е сигурно – враќањето по 30 години е веќе спектакл само по себе.

Испрати коментар

Scroll To Top