Насловна / Вести / AccelerateEU: План на ЕУ за енергетска независност и ублажување на кризата

AccelerateEU: План на ЕУ за енергетска независност и ублажување на кризата

По втор пат во помалку од пет години, Европа ја плаќа цената за својата зависност од увоз на фосилни горива. AccelerateEU е пакет на мерки на Комисијата кој треба да донесе итно олеснување за европските домаќинства и индустријата, посебно за најзагрозените, истовремено насочувајќи ја Европа на стабилен пат кон енергетската независност. Од ескалацијата на судирите на Блискиот исток, ЕУ потрошила дополнителни 24 милијарди евра на увоз на енергенти поради повисоките цени. Моменталната геополитичка ситуација јасно покажува дека забрзувањето на преминот кон почиста, сигрна и достапна енергија е економски и безбедносен императив. AccelerateEU опфаќа краткорочни и стрктурни мерки со долгорочни ефекти со цел дополнително да се намали зависноста од нестабилните пазари на фосилни горива и да се зајакне отпорноста на Европа на идните ризици, потпирајќи се на домашната чиста енергија и електрификација.

Ќе биде воспоставена нова Опсерваторија за горива заради следење на производството, увозот, извозот и нивоата на залихи на транспортните горива во ЕУ. Тоа ќе овозможи брзо препознавање на потенцијалните недостатоци, и во случај на вонредно ослободување на залихи, помош во одржување на рамномерна дистрибуција на горива. Заштитата на потрошувачите, вклучувајќи ја и индустријата, може да опфаќа таргетирани шеми за поддршка, како и намалување на данокот за електрична енергија за загрозените домаќинства. Комисијата ќе усвои и Привремена рамка за државна помош, која ќе им обезбеди дополнителна флексибилност на националните влади, вклучувајќи и итни мерки за поддршка на најизложените економски сектори. Планирано е и забрзување на преминот на домашна чиста енергија заради замена на фосилните горива во собраќајот. До лето, Комисијата ќе го претстави Акцискиот план за електрификација. Тој ќе опфаќа амбициозни цели за електрификација и мерки за укинување на препреките во индустријата, сообраќајот и градежниот сектор. Брзата примена на Планот за инвестиции во одржлив сообраќај е клучна за забрзување на воведувањето на одржливи авио горива. Електрификацијата мора да биде пропратена со мрежа која е адекватна на својата намена. Првите чекори подразбираат обезбедување на полна примена на постоечкото законодавство и брзо завршување на преговорите за Европскиот пакет за мрежи.

За финансирање на овие мерки, достапни се значителни средства на ниво на ЕУ, како оние од Механаизмот за опоравок и отпорност (219 милијарди евра) и фондови за кохезиона политика. Во екот на кризата, брзината и екфектите се од пресудно значење. Комисијата ќе им помогне на државите членки максимално да ги искористат достапните средства од ЕУ, а ќе организира и Самит за инвестиции во чиста енергија.

Испрати коментар

Scroll To Top