Насловна / Вести / Започнува масовно производство на кинески летачки автомобил

Започнува масовно производство на кинески летачки автомобил

Во време кога границите помеѓу научната фантастика и реалноста стануваат сè понејасни, кинеската компанија XPeng AeroHT прави можеби најконкретниот чекор кон ерата на летачките автомобили. Нивниот модел „Land Aircraft Carrier“, претставен e на јавноста во Гуангжу и на престижниот China International Aviation and Aerospace Exhibition, ја симболизира амбицијата дека технологијата, која со децении постоела само во теорија, конечно да се доближи до широка употреба.

Како што пренесува CGTN, ова е сосема поинаков пристап кон развојот на летачки автомобили. Наместо едно возило кое комбинира возење и летање, XPeng разви модуларен систем кој се состои од два дела: „матичен брод“ и летало.

„Mothership“е големо комби со шест тркала, долго околу 5,5 метри, со три осовини и хибриден EREV погон базиран на 800-волтен систем, кој овозможува домет до 1.000 километри. Внатре се наоѓа компактно летало што личи на голем дрон, наменето за две лица.

Брзина до 360 километри на час

Леталото се активира со едноставно притискање на копче, по што автоматски се одвојува од возилото и го започнува својот лет.

Враќањето на „матичниотт брод“ трае само пет минути. Може да изведе помеѓу пет и шест лета со едно полнење, а неговата максимална брзина достигнува околу 360 километри на час, што го става меѓу најамбициозните eVTOL проекти денес.

Особено внимание предизвикува високото ниво на автономија. За време на демонстративниот лет, леталото самостојно извело серија маневри: од забрзување на мали височини, преку контролирано спуштање со константна брзина, до прецизно слетување, без потреба од пилот.

Системот поддржува и мануелен и автоматски режим на работа: во автоматски режим управува со планирање на рутата, крстаречки лет, враќање со еден клик и слетување, додека мануелниот режим користи поедноставен систем за контрола со еден џојстик, што значително го олеснува управувањето во споредба со класичните хеликоптери. Според компанијата, основната обука може да се совлада за само три часа.

Веќе има илјадници клиенти

Цената на ова футуристичко возило се проценува на околу 276.000, а интересот на пазарот е веќе видлив. По првиот јавен лет, регистрирани се повеќе од 2.000 нарачки.

Компанијата, која работи од 2013 година, претходно се обиде да развие возило со преклопни ротори интегрирани во каросеријата, но техничките проблеми, како што се вибрациите при возење, доведоа до свртување кон модуларно решение.

Амбициите не запираат тука. Демонстрациите во Гуангжу и на меѓународниот саем за воздухопловство, како што нагласува CGTN, претставуваат важен сигнал во кој правец се движи иднината на мобилноста.

XPeng веќе започна со изградба на фабрика во Гуангжу, проектирана да произведува дури 10.000 летачки автомобили годишно, а првите испораки до клиентите се очекуваат годинава.

Испрати коментар

Scroll To Top