Насловна / Вести / Иранскиот парламент усвои предлог закон за наплата на премин низ Ормускиот теснец

Иранскиот парламент усвои предлог закон за наплата на премин низ Ормускиот теснец

Вчера, иранскиот парламент одобри предлог закон за воведување такси за бродовите што минуваат низ Ормускиот теснец, со можност за забрана за премин на американски и израелски бродови, јави агенцијата Fars.

Како што е наведено, предлогот претходно е усвоен од Одборот за национална безбедност на иранскиот парламент, а доколку стапи во сила, предвидува воведување систем за наплата за премин низ овој стратешки воден пат во иранската валута, ријали.

Предлог-законот, вклучува и забрана за премин на бродови од Соединетите Американски Држави и Израел, како и од земјите што воведуваат еднострани санкции врз Иран.

Исто така се истакнува и правото на Иран на суверенитет над Ормускиот теснец, еден од најважните поморски патишта во светот за транспорт на нафта и гас.

Според агенцијата, Оман треба да учествува во обликувањето на правната рамка за спроведување на овој закон.

Досега не е прецизирано кога законот би можел да стапи во сила.

Како што претходно објави Блумберг, повикувајќи се на извори, минатата недела Иран наводно почнал да наплаќа транзитни такси за одредени комерцијални бродови што минуваат низ Ормутскиот теснец, а во некои случаи бара исплати и до два милиони американски долари.

Испрати коментар

Scroll To Top