Дополнителните трошоци за возачите на автомобили на бензин, со цени на нафтата кои надминуваат 100 долари за барел, би требало да бидат 5 пати повисоки од истите трошоци за возачите на електрични автомобили. Ова го тврди анализата спроведена од страна на оргаизацијата Transport & Environment (T&E).

T&E го анализира веројатното влијание на цените на бензинот и открива дека полнење на гориво за просечен автомобил на бензин би чинело 14,20 евра на 100 km, што е зголемување од 3,80 евра поради последиците од војната на Израел и САД против Иран. Просечните трошоци за полнење на електрично возило би изнесувале 6,50 евра на 100 km, што е зголемување од 0,70 евра поради повисоките цени на електричната енергија заради зголемувањето на цената на природниот гас. Анализата претпоставува дека просечните цени на безнинот на пумпите ќе бидат високи – на ниво од околу 2-3 евра по литар, како што било во текот на енергетската криза во 2022 година, кога цените достигнаа околу 100 долари по барел.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија