Насловна / Вести / Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи гостин на националната конференција – Денот на геодетот во Бугарија

Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи гостин на националната конференција – Денот на геодетот во Бугарија

Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи на РМ, Никола Рибароски, на покана од  Асоцијацијата на приватни геодетски компании во Р. Бугарија, беше еден од  почесните гости на националната конференција – Денот на геодетот 2026, што на 27.03.2026 год. се одржа во хотелот Санкт Петербург во Пловдив, Бугарија.

Свое учество како гости на овој настан, помеѓу останатите имаа, г-дин Николај Најденов – технички министер во Владата на Р.Бугарија за регионален развој и урбанистичко уредување, Проф. Д-р Иван Кунчев, декан на Геодетскиот факултет при Универзитетот за Архитектура, Градежништво и Геодезија од Софија и Г-дин Георги Георгиев, извршен директор на Агенцијата за Геодезија, Картографија, Катастар и геоинформатика во Р.Бугарија.

При своето пригодно обраќање пред почетокот на свечената вечера, Претседателот на Комората ги пренесе поздравите на колегите од Македонија до своите колеги од Р.Бугарија и ја нагласи потребата од продлабочување и проширување на традиционалната соработка што ја имаат геодетските стручни лица од двете земји.

Како пример за ваква соработка беше посочен примерот што го постигнаа геодетските организации од Македонија, Србија и Бугарија за организарање на заедничка конференција во месец Октомври 2025 година, а кој поради објективни причини и случувања во Р. Србија мораше да биде откажан, но со желба и иницијатива од сите три страни, сепак истиот настан да биде одржан во текот на наредниот период.

Ваквите иницијативи се своевидно оживување на некогаш формираната Балканска геодетска асоцијација, чии оснивачи се организациите од неколку Балкански држави, вклучувајќи ја и нашата Комора.

Учеството на овој настан, беше искористен за разгледување на можностите на меѓуинституционална соработка и размена на искуства со претставниците на присутните организации од Р.Бугарија и Р.Србија.

Испрати коментар

Scroll To Top