Насловна / Архитектура / Дали „мини Дубаи“ на Балтикот ќе стане новата хит дестинација за туристите?

Дали „мини Дубаи“ на Балтикот ќе стане новата хит дестинација за туристите?

На полскиот брег на Балтичкото море, би можел да се отвори еден од најголемите хотели  во овој дел од Европа. Станува збор за Hotel Gołębiewski Pobierowo, кој по завршетокот на изграбдата би бил најголемиот хотел на Балтичко море. Овој проект предизвикува големо внимание, но и загриженост кај туристичкиот сектор во германската покраина Mecklenburg-Vorpommern. Гигантскиот хотелски комплекс Gołębiewski Pobierowo, често во германските медиуми се нарекува „мини Дубаи на Балтикот“. Овој назив потекнува од споредбите со Дубаи, познат по големите и луксузни туристички проекти. Хотелот е планирано да има 13 ката, околу 1.200 соби и капацитет до 3.000 гости, додека самото место има околу 1.000 жители. Во споредба со најголемите хотели на германскиот брег на Балтичкото море, разликата е огромна. Хотелите како Morada Resort Kühlungsborn или Hotel Neptun Warnemünde кој е отворен уште во 1971 година како престижен проект на тогашна источна Германија, имаат помалку од 500 соби.

Комплексот ќе се наоѓа на околу 60 километри од германската граница. Освен значителните сместувачки капацитети, хотелот ќе има голем број содржини – голем велнес центар, аква парк, кино, тениски терени и бројни други атракции.

Ланецот Gołębiewski е познат по тоа што секој нов проект го надминува претходниот по големина. Основачот на овој хотелски ланец, Tadeusz Gołębiewski бил производител на кондиторски производи, кој во хотелскиот бизнис влегол во 1991 година. Темелите за новиот хотел се поставени уште во 2018 година, на местото на некогашниот воен простор. Било планирано хотелот да се отвори во 2021 година, но работите повеќе пати биле одложувани. Пандемијата, проблеми во снабдувањето на градежни материјали како и различни административни спорови значително го успоруваат проектот. Ситуацијата допонително се усложнува и со смртта на основачот на компанијата во 2022 година. Според последните информации, хотелот сега е во завршна фаза и ги чека последните дозволи, вклучувајќи ја и еколошката согласност од општината. Но, изградбата на хотелот предизвикала бројни еколошки полемики. За потребите на проектот исечени се околу 1.500 стебла во крајбрежната шума. Од хотелската компанија истакнуваат дека не станува збор за недопрена природа туку за поранешна воена зона која веќе била изменета од активностите на човекот. Како компензација, планирано е засадување на околу 4.000 нови стебла.

Туристичкиот сектор во германската компанија Mecklenburg-Vorpommern, со загриженост го следи развојот на проектот. Страхува дека големиот хотелски комплекс ќе ги привлече гостите и работниците од германските летувалишта.

Испрати коментар

Scroll To Top