Насловна / Вести / Не примаат плата, не одат на годишен одмор: Хуманоидни роботи на лентите за монтажа на BMW

Не примаат плата, не одат на годишен одмор: Хуманоидни роботи на лентите за монтажа на BMW

Компанијата BMW ги интегрира хуманоидните роботи на лентите за монтажа на својата фабрика во Лајпциг, како дел од пилот проект. Првото такво тестирање е одржано минатата година во американската фабрика во Спартанбург. Тоа е прв случај во светот на интегрирање на хуманоидни роботи во производствен процес од ваков вид.

Во текот на наредните 10 месеци, роботите наречени Figure 02, помогнале во производството на над 30.000 единици на SUV моделот X3, работејќи во 10 часовни смени од понеделник до петок, преместувајќи повеќе од 90.000 компоненти и покривајќи приближно 1,2 милиони чекори во 1.250 часови работа. Сега, BMW повторно го сака истото искуство, како дел од пилот проектот во фабриката во Лајпциг. Роботите кои ќе се користат во оваа германска фабрика се развиени во соработка со компанијата Hexagon.

 

Испрати коментар

Scroll To Top