Насловна / Вести / Мрачни прогнози од Катар: Сите земји од Заливот наскоро ќе го прекинат извозот на енергенси

Мрачни прогнози од Катар: Сите земји од Заливот наскоро ќе го прекинат извозот на енергенси

По иранскиот напад со дрон врз најголемиата постројка за течен природен гас во Катар, катарскиот министер за енергетика, Сад ал Каби, изјави дека може да поминат недели, па дури и месеци пред извозот на енергенси од оваа земја да се врати на нормално ниво, дури и ако војната заврши веднаш. „Ако оваа војна продолжи, последиците ќе бидат видливи во стапките на БДП низ целиот свет. Цените на енергијата ќе растат насекаде, ќе има недостиг на некои места и ќе има верижна реакција во многу фабрики кои нема да можат да ја задоволат побарувачката“, изјави тој за Фајненшл тајмс.

Каби предвидува дека цените на сировата нафта би можеле да достигнат 150 долари за барел за две до три недели ако бродовите и танкерите не можат да поминат низ Ормускиот теснец, најважниот светски пат за извоз на нафта, кој ги поврзува најголемите производители на нафта во Заливот со Оманскиот Залив и Арапското Море.

Катар очекува сите производители на енергија од Заливот да го запрат извозот во рок од неколку недели ако конфликтот со Иран продолжи.

„Очекуваме дека секој што не се повикал на виша сила ќе го стори тоа во следните неколку дена ако ова продолжи. Сите извозници во регионот на Заливот ќе мора да се повикаат на виша сила“, изјави Каби за Фајненшл тајмс.

Вишата сила е непредвидена околност што спречува некого да исполни договор.

Испрати коментар

Scroll To Top