На 19 февруари во салата на Комората на овластени архитекти и овластени инженери во 13 часот ќе се одржи презентација за геосинтетички материјали и нивната примена при проектирање и изведба на депонии.
Во услови на зголемени еколошки барања, строги регулативи и потреба од долгорочна сигурност на објектите, геосинтетиците претставуваат суштински елемент во системите за:
- хидроизолација и контрола на инфилтрација,
- стабилизација и армирање на подлогата,
- дренажа и контрола на гасови,
- сепарација и заштита на конструктивните слоеви,
- долгорочна заштита на почвата и подземните води.
Ќе бидат презентирани:
- принципи на правилно проектирање на системите со геосинтетици,
- типични грешки во пракса и нивни последици,
- искуства од реални проекти,
- препораки за избор на материјали и контрола на изведба,
- улогата на геосинтетиците во исполнување на еколошките стандарди и регулативи.
Предавањето ќе биде одржано од стручен предавач, инж. Горазд Цопек (Словенија), со долгогодишно искуство во проектирање и изведба на системи со геосинтетички материјали на депонии и инфраструктурни објекти во регионот и ЕУ.
Јазик на предавањето: Српски/Хрватски
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАСТАНОТ:
Дата и час: 19 февруари 2026 година, во 13 часот
Место на настанот: Сала на Комора ОАИ
Број на слободни места: 80
ВАЖНО: Регистрацијата се врши преку веб страната на комората на линкот > РЕГИСТРАЦИЈА

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија