Насловна / Вести / Турција стана четврт најголем пазар на електрични возила во Европа

Турција стана четврт најголем пазар на електрични возила во Европа

Трендот на силен раст на продажбата на електрични возила во Турција започнал во 2023 година, а со 190.000 продадени електрични автомобили во 2025 година, оваа земја стана четврт пазар во Европа. Тоа претставува раст на продажбата од 80% во однос на 2024 година, со што Турција ги престигна Норвешка, Холандија и Белгија и се позиционира зад Германија, Велика Британија и Франција. Заради споредба, во 2023 година Турција го заземаше деветото место.

Силниот раст на продажбата е резултат на комбинација од појавата на нови модели, влегување на домашните производители на електрични автомобили на пазарот, како и прилагодување на понудата со даночниот систем кој се применува во Турција. Електричните возила кои се вклопуваат во пониските даночни класи, станале поконкурентни на пазарот, што ја забрзало нивната прифатеност кај купувачите. Во 2025 година, целосно електричните возила сочинувале 17% од вкупната продажба на автомобили во Турција, со што за прв пат е достигнат просекот на ЕУ. Но, и покрај силниот раст на продажбата, електричните возила и натаму сочинуваат одвај околу 2% од вкупниот возен парк во Турција. Поради тоа, потрошувачката на фосилни горива останува висока, додека ефектите од електромобилноста на вкупната енергетска потрошувачка и намалување на увозот на енергенти и натаму остануваат ограничени.  Тоа укажува дека транзицијата во сообраќајот е сеуште во рана фаза и дека растот на продажбата на електричните возила засега нема значајно влијание врз вкупната потрошувачка на гориво и енергетскиот увоз.

Испрати коментар

Scroll To Top