Куќата Casa Oeiras во Португалија, проектирана од бирото OODA со седиште во Порто, условена e од големината на парцелата, но мотивирана од постоечкиот наклон, корисен дури и за елиминирање на неинтересното и незгодно опкружување.

Стратегијата вклучува соочување и усогласување на вештачките и природните податоци, верувајќи во афирмацијата и конфигурацијата на архитектурата преку регулирачко и дистрибутивно пацио. Рационалистичката геометрија и волуметрија ги истакнува природните и еколошките вредности кои се поволни за просторот. Навидум непријателски настроена, топографијата е суровина на идејата.

Воден елемент како живописен базен компензира осветлување и полувкопаната состојба на влезната тераса. Централната празнина е формирана од три страни кои се разбиени со теренот, едната со социјални намени, а другата со индивидуални намени, споени со центарот со транспарентен простор кој се дематеријализира за да го артикулира влезот.

Casa Oeiras со површина од 350 квадратни метри е густа и цврсто поставена на падината, а масата левитира за да му овозможи на теренот да тече и да напредува помеѓу надворешноста и центарот на дворот, со единството и континуитетот на вегетацијата.

Статичката хоризонталност на попречниот пресек е анимирана со дијагонални вкрстени движења и генерирана е со различни транспарентности потврдени со негативот на косиот и пристапен кров.

Ова се должи на топографијата што му додава димензија и намена на кровот продолжувајаќи го наративот на куќата. Усвоената материјалност се провлекува низ затворањата на куќата и ја потврдува оваа вкупна и глобална димензија. Архитектурата, како и секогаш, изгледа трансформативна, но исто така способна да додаде стабилност и квалитет на местото.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија