Во просториите на Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) се одржа работен состанок со Деканската управа на Архитектонскиот факултет – Скопје.

Претставниците на Архитектонски факултет беа предводени од Деканот проф. д-р Анета Христова Поповска со Продеканите проф. д-р Марија Мано Велевска, проф. д-р Ана Ивановска Дескова и проф д-р Благоја Бајковски, додека од страна на КОАИ на состанокот присуствуваа м-р Дејан Метикош, претседател на КОАИ, и Александар Манчевски, генерален секретар на КОАИ.

Средбата беше можност за размена на мислења и теми од заеднички интерес, насочени кон унапредување на соработката помеѓу академската и професионалната заедница, поддршка на младите архитекти и инженери, како и можностите за заеднички активности, настани и програми.
Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) останува посветена на градење на силна врска помеѓу образованието и струката.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија