Насловна / Архитектура / Меѓународен конкурс за населбата „Веље брдо“ во Подгорица: Награден фонд од 225.000 евра

Меѓународен конкурс за населбата „Веље брдо“ во Подгорица: Награден фонд од 225.000 евра

Последниот ден од 2025 година, Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот на Црна Гора објави меѓународен конкурс за урбанистичко-архитектонско идејно решение на Блок А1, во рамките на првата фаза од реализацијата на населбата „Веље брдо“ во Подгорица.

Конкурсот е отворен до 31 март 2026 година, додека наградниот фонд е определен во износ од 225.000 евра и ќе биде распределен меѓу првата (100.000 €), втората (65.000 €) и третата награда (40.000 €), како и две подеднакво вредни откупи од по 10.000 евра.

Урбана населба за 66.000 корисници

Како што се наведеува во расписот, проектот Веље брдо претставува еден од најамбициозните и најзначајните урбанистички проекти во модерната историја на Подгорица и Црна Гора. Планираната изградба на целосно нова урбана населба на досега неискористена локација има за цел да создаде функционален, одржлив и инфраструктурно опремен простор што ќе ги обедини домувањето, работата и јавните содржини.

„Проектот вклучува станбени, деловни и јавни функции, како и изградба на комплетна придружна инфраструктура, што создава основа за долгорочен урбан и демографски развој на градот. Според плановите на проектот, планирано е во населбата да живеат 66.000 корисници“, се вели во расписот.

Населбата е замислена како заокружен урбана целина што вклучува станбени објекти, образовни институции како што се училишта и градинки, здравствен центар, деловни и комерцијални простори, како и богата мрежа од паркови, зелени површини, спортски и рекреативни зони.

Предмет и цел на конкурсот

Предмет на конкурсот е изработка на урбанистичко-архитектонско идејно решение на Блок А1, во рамките на првата фаза од реализацијата на населбата „Веље брдо“, со вкупна површина од 61.356 м². Покрај наведеното, предмет на конкурсот е и изработка на идејно решение за собирна сообраќајница што го опслужува предметниот блок, а по која ќе се овозможи пристап до локацијата од главниот булевар „Веље брдо“.

Целта на конкурсот е избор на најквалитетно, јасно читливо и плански проверливо решение за Блок А1, односно решение кое ќе биде веднаш применливо во планскиот документ и ќе овозможи фазна и економична реализација. Во овој поглед, идејното решение избрано на конкурсот ќе стане составен дел од Измените и дополнувањата на Просторно-урбанистичкиот план на главниот град Подгорица.

„Од учесниците се очекува да понудат конкурсни решенија кои, пред сè, ќе се карактеризираат со добра урбанистичка поставка, а потоа и со висока функционалност, естетика и просторно вклопување на планираните објекти во однос на предметната локација, а сè во согласност и во рамките дадени со оваа конкурентска задача“, се наведува во објавата за конкурсот.

Членови на конкурсната комисија

  • Мирјана Ѓуришиќ, архитект – в.д. генерален директор на Директоратот на главниот државен архитект – претставник на Распишувачот, претседателка на Комисијата;
  • М-р Светлана Јовановиќ, просторен планер – директорка на Агенцијата за просторно планирање на Црна Гора, член;
  • Александра Тошиќ Јокиќ, архитект – раководител на развојот на IID PUP на главниот град Подгорица, член;
  • Проф. д-р Владимир Лојаница, архитект, редовен професор, декан на Универзитетот во Белград – Архитектонски факултет, член;
  • Проф. Саша Беговиќ, архитект, Архитектонски факултет Загреб и Студио 3LHD, Хрватска, член;
  • Невена Јововиќ, магистер по архитектонски науки – в.д. генерален директорка на Директоратот за планирање на просторот – претставник на Рапишувачот, член;
  • Весна Јововиќ, пејзажен архитект, член;
  • Гаврило Вуковиќ, архитект – секретар на Секретаријатот за просторно планирање и одржлив развој на главниот град Подгорица, член;
  • Маја Делиќ, архитект – Министерство за јавни работи, член;
  • Симеун Матовиќ, дипломиран градежен инженер, член;
  • Милица Вукчевиќ, правник – Министерство за јавни работи, член.

Награден фонд:

  • Прва наградата – 100.000,00 евра
  • Втора награда – 65.000,00 евра
  • Трета награда – 40.000,00 евра
  • Два откупа од по 10.000,00 евра

Право на учество:

Право на учество на конкурсот имаат сите правни и физички лица кои ги исполнуваат условите дефинирани со Расписот на конкурсот и задКонкурсната задача.

Наконкурсот можат да учествуваат правни и физички лица (автори, коавтори, членови на авторскиот тим, соработници, консултанти итн.) кои имаат живеалиште или седиште на територијата на Црна Гора, како и лица со живеалиште или седиште на територијата на друга земја.

Регистрација:

Регистрација не е потребна, учеството на конкурсот е бесплатно.

Рокови на конкурсот

  • Конкурсот е отворен од 31 декември 2025 година до 31 март 2026 година;
  • Рок за предавање на конкурсните решенија е 31 март 2026 година, до 12:00 часот (локално време во Црна Гора);
  • Конкурсните решенија се испраќаат на адреса: [email protected];
  • Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени до 21 април 2026 година на страниците www.gov.me/mdup и architecturalcompetitions.me.

Конкурсна документација:

Текстуалниот дел на конкурсната документација на Расписот на конкурсот и Конкурсната задача можете да ја преземете на следните линкови:

https://architecturalcompetitions.fra1.cdn.digitaloceanspaces.com/dokumenta/2025/695522a87e8b5.pdf

https://architecturalcompetitions.fra1.cdn.digitaloceanspaces.com/dokumenta/2025/695521e18d1ef.pdf

Графичка документација на следниот линк: https://www.swisstransfer.com/d/b99d1424-7073-46d8-8662-9c85c499164a

Испрати коментар

Scroll To Top